– Кога сум наутро на работа мојот ден започнува во 5 часот наутро, одам директно под туш, па пуштам кафе, се подготвувам и право во СИТЕЛ.
Ова го изјави нашииот познат ТВ презнтер на временска прогноза од „Сител“, Спасе Рола до Бола Јовановски во Женски магазин, а потоа продолжи:
-А кога сум попладне, станувам во 9 часот секако со истата рутина, плус појадок. Денот, па можам да кажам дека ми трае 12 часа.
Покрај работата во СИТЕЛ, задолжен сум за Инстаграм профилот на Лила, и уште неколку профили кои ги водам во позадина. Денот ми завршува со ТОТАЛНА мрачна соба и музика. А за викендите се трудам малку да поспијам“, изјавил Спасе.
Потоа, тој раскажал како всушност ја има запознаено неговата добра пријателка о и соработничка, Лила Стојановска. Спасе за Лила изјави:
-Иако се познаваме 15 години, според нашата конекција се чини дека се знаеме цел живот. Јас ја запознав додека работев како новинар во таблоидот СВЕТ.
Тогаш измислив некој текст, па сакаше да ме те па кога ме виде (се смее) и така по 15 години…
Денес сме бизнис партнери, заедно работиме на нејзиниот инстаграм профил кој можам да се пофалам дека е најуспешен во земјава па и регионот.
Лила има сенс за бизнис, стил, ама буквално ја бива за сѐ, и сум среќен што токму таа е мојот ментор низ сиве овие години“, рекол Спасе, а потоа искоментира за Инстаграмот и за инфлуенсерките.
-На инстаграм има бројач, па точно покажува колку си се задржал на нивната апликација, јас дневно поминувам од еден до 2 и пол часа.
Со оглед на тоа дека едитирам фотографии, видеа, поставувам сториња, сепак не го сметам тоа за изгубено време бидејќи ми е втора работа.
Во Македонија, нема ИНФУЛЕНСЕР тоа е залудно и присилно наметната дефиниција за оние што немаат што да прават со својот живот.
Тоа се онлјан продавачки, некој бренд таму, сака да се продава неговата роба, па сака да помине поевтино и ангажира некој лик, кој често има КУПЕНО следбеници (тоа лесно се проверува) и за кило сирење тие мислат дека се инфлуенсерки.
На жена и е дозволено ама баш сѐ, шминка, фризура, нокти, усни…Не можам да разберам, како некои жени – девојки не сакаат да се дотераат.
Па, они се поубавиот пол, па кога ќе помине сите ВРАТ да искршиме, а не, да шетаат како плашило за нива.
Жената може да биде и модерна и домаќинка. Оние што велат “не сакам да мирисам на манџа сакам да мирисам на парфем“ мислам дека се разгалени од дома, па напрај ја манџата избањај се и стави парфем, ти си жена ти можеш сѐ!“, кажал Спасе за жените.
– Уште од мал кога ќе ме прашаа што сакаш да бидеш, им кажував СПИКЕР. Мајка ми често со мене имаше проблем на родителските средби каде што наставниците велеа:
– Ова дете е добро, учи АМА МНОГУ ЗБОРУВА“ . Јас не зборувам само кога спијам, па ете тоа денес стана моја професија на која што сум многу горд.
Инаку многу љубов гаам кон камерата и фотографијата, па во иднина можно е да се занимавам со режија но, се во свое време“, изјавил познатиот презентер.
Спасе на својот Фејсбук профил објави пост, а е поврзан со замрзнувањето на цените лебот, поточно објави видео како меси леб.
„Ако нема леб, ќе замесиме, вели Спасе, а во видеото се гледа како учи да меси векна леб.