Naslovna Zivot Овој наш пејач ја има најтажната судбина, пораснал сам, а пак собрал...

Овој наш пејач ја има најтажната судбина, пораснал сам, а пак собрал сила и станал добар и успешен човек

Емисијата „Везилка“ која ја водат Адријана Алачки, Благоја Грујовски и Ирена Спировска објави слики од снимањето во општина Чучер Сандево, каде што гостин им беше едне од нашите најпознати пејачи во фолк- музиката Душко Георгиевски.

Тој со мерак ги има испеано песните: Рано е, Свири ми виолино, Само една песна, Простено ќе ти е се…

Душко сега интензивно настапува како и неговите колеги, а на Фејсбук често споделува слики од нивните дружења и настапи насекаде низ Макеедонија.

Тој исто така се гордее со неговата ќерка Мила, која е успешен млад музичар.

Душко во една прилика за Женски магазин зборувал за тоа како се издигнал над тешк иот период во својот живот, и покрај тоа што животот не го галел премногу.

Имено, тој на 11 години останал без двајцата родители кои настра-дале во сооб раќајна не згода.

За него, најтежок бил периодот кога останал сам со својата помала сестра. „Имав 11 години кога си заминаа моите родители.

Тогаш, како дете кога сте изгубени и исплашени, а судбината ви е во други раце и некој друг одлучува за вашата иднина.

Притоа не ви е родител којзнае најдобро што може и што треба да направи за своето чедо. Сега, кога и самиот сум родител, точно знам колку е важно тоа за едно дете, онаа родителска љубов која му е целиот свет и потпора и во добро и во лошо.

Кога ќе се присетам, тогаш морав брзо да ги разбирам работите. Бев сам во мојот свет, но многу учев и истражував.

Преку книгата го осознав светот. Созреав многу побрзо од моите врсници.

Морав брзо да пораснам, зошто немав избор. По загубата на родителите, роднините ми купија флејта за да ми го окупира вниманието и да немам време да мислам и да тагувам.

Животот многу рано ми ја покажа суровата страна. Научив да се носам со најмра-чната судбина, но оттогаш ништо повеќе не може да ме помести во животот, затоа што многу добро знам која е неговата цена.

Неговите родители го напуштиле овој свет кај Алексинац во Србија, во моментот кога се враќале од одмор. „Беa со своите братучеди, мене и сестра ми не оставија дома. Не знам зошто, можеби за да останеме живи, така ги натерала судбината.

Тоа беше еден таков настан, во еден миг да немате кому да кажете мамо и тато. Иако не сакам многу да зборувам за ова бидејќи не ми е намерата да предизвикувам чувство на сожалување кај луѓето.

Како зрел човек и денес тешко наоѓам зборови. Како тинејџер никогаш и никаде не зборував за мојата судбина. Сепак, бо-леше секогаш кога одзади грб го слушав зборот „сираче“. Ме повредуваше длабоко во душата.

На „Цветници“ во 2011 година ја отпеав „Молитва“, преку музиката да ги искажам чувствата, бидејќи поинаку никогаш не умеев да го направам тоа.

Преку стиховите „ѕвезди сјајни далечни што ми велите дали спокој најдоа родителите, дали сега горе се кај ангелите“ првпат јавно проговорив за мојата судби на и признав

Колку свеќи восочни зап алив, колку драги спомени во срце заклучив“ ветувајќи дека „со песнава молитва сега Ви подарувам, Вие тука в срце сте, јас продолжувам“.

Овој фестивал беше мојот најтежок настап. Не сум свесен како успеав да останам на нозе“, раскажа пејачот.И покрај сето ова неговиот Фејсбук профил има доста весели слики.

Семејството, како и настапите, дружбите со неговата публика и внатрешната сила која ја имал, го натерале да живее и да твори, и да биде доста успешен и добар човек.