Калиопи е родена 1966 година во Република Македонија, градот Охрид. Во детството живеела со семејството во Кичево. Уште од најраните денови таа изразувала склоност кон музиката.
Таа настапи на детскиот музички фестивал „Златно Славејче“ изведувајќи ја песната „Мојата учителка“.
Тогаш пошироката јавност првпат го забележа нејзиниот голем талент. Влегува во хорот „Развигорче“, а со него редовно настапува во периодот од 1978 до 1980 година, како во земјава, така и во странство.
Посетувала и часови по пеење. На Академијата за музика студира од 1984 година. Во исто време, таа освои престижни награди.
Калиопи беше пејачка во музичката група „Калиопи“. Во истата група бил и нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил. Создадоа песни со кои учествуваа на бројни домашни и меѓународни фестивали, каде често беа наградувани.
Наградата за најдобра интерпретација им беше доделена на фестивалот во Опатија, додека во Тунис беа второрангирани како претставници на Југославија.
Песните редовно се пуштаа на неколку радио станици. Првиот албум го издадоа во 1986 година, а го нарекоа „Калиопи“.
Истата година учествуваат на Сплитскиот фестивал, кога ја претставија песната „Да море зна“. Во 1987 година во Загреб излезе вториот албум на оваа група наречен „Роѓени“. Албумот се состоеше од вкупно девет песни.
Песната по која го доби името целиот албум стана хит низ Југославија, а истата песна до ден денес не ја изгубила својата популарност.
Калиопи изјавила дека не сака песна која би била слична на нејзиниот хит „Роѓени“ или „Бато“ како што се уште ја нарекуваат оваа песна.
Песната всушност е напишана во време кога ја снашле тешки животни околности. Во песната „Бато“ се пее за копнеж, страдање и болка, чувства кои навистина ги доживеала тогаш.
Кога е напишана оваа безвременска песна, Калиопи имала само 19 години. Песната е напишана од Ромео Грил, кој бил запознаен со нејзината животна приказна. Редовно настапувале во Југославија и пошироко.
Нивната турнеја низ Советскиот Сојуз е значајна.
За големата популарност на групата „Калиопи“ сведочат нивните успеси во вид на разни награди, како и големата посветеност на нивните концерти.
Како учесници на југословенскиот Евросонг во 1988 година, тие го освоија десетото место. Песната што тогаш ја изведуваа се викаше „Емануел“.
На врвот на својата слава, Калиопи и нејзиниот поранешен сопруг ја напуштиле земјата и се преселиле во Швајцарија. Тогаш групата „Калиопи“ се распадна, а пејачката Калиопи десет години не беше музички активна.
Нејзиното враќање на музичката сцена го означи почетокот на нејзината соло кариера. Таа победи на Скопскиот фестивал во 1996 година.
Калиопи исто така победи на „Еврофест“ во 1997 година, изведувајќи ја песната „Не плачи“. Во 1998 година го издаде својот прв соло албум „Oboi me“, кој го сними во Швајцарија.
Албумот беше позитивно примен од нејзините фанови од различни возрасти. Бидејќи беше сигурна во големиот успех на овој албум, таа сними спотови за секоја негова песна, а сето тоа во соработка со Македонската радио телевизија.
Следеа бројни награди, а албумот беше прогласен за најдобар во Македонија. Калиопи пак ја обнови соработката со поранешниот сопруг Ромео Грил.
Тој напиша убави песни за неа, а пишува и сега, но таа вели дека значајна личност за неа е и Васил Зафирчев, познатиот актер, кој ѝ е исто поранепен сопруг.
Калиопи на уникатен начин му го честиташе роденденот на Васил Зафирчев, со интересна порака која гласи:
Среќен роденден на најталентираниот и најуникатен актер, прекрасна личност и најдобар пријател- стои во објавата на Калиопи за роденденот на Зафирчев.