Naslovna Zivot Јордан Митев со тажна приказна: Ако си ме сакала, барем една минута...

Јордан Митев со тажна приказна: Ако си ме сакала, барем една минута и тоа ми е доста, благодарам!

Нашиот познат фолк пејач Јордан Митев на Фејсбук објави една празнична слика од својот дом, кога беше Бадник, тоест ја објави бадниковата трпеза.

На оваа слика се гледа дека машка рака го крши лепчето, што значи дека Јордан ги почитува сите адети и е домаќин прва класа.

На трпезата, се гледа дека е спремено се по адетите, гравче, лепче, пита, а Јордан наздравува за здравје и среќа на сите со чашка ракија.

Во една прилика, Митев раскажа вистинска случка за неговата мајка. „Колку вреди човечкиот живот?! Хм, најверојатно кај нас вреди многу малку. Во развиените земји животните имаат поголема вредност…За жал.

Пред неколку години мојата мајка, заедно со еден наш роднина стоејќи на тротоар, младо пи јано докторче со својата кола, ги под бира и двајцата од тротоарот.

Ги уд ира и побегнува без да застане и пружи помош. Како кучиња ги остава на патот. Среќа останаа живи.

Мајка ми со скр шена рака, роднината со скр шена нога и дополнителни компликации. За иронијата да биде поголема, докторчето (убав на мајка) е син на докторка која работи во Подареш, која пак беше матичен доктор на мајка ми.

Без грам доблест и одговорност, се криеа се додека поли цијата не докажа со силни докази дека вистина тој го има направено делото. На кај, и дадоа некоја минимална ош тета колку да не биде без ништо.

А, докторчето убав на мајка, кој утре ќе лекува луѓе и ќе биде одговорен за човечки животи со три месеци ка зна, за која што се сомневам дали и таа ќе си ја одл еже. На нас само дебели каз ни, да ни дојде паметот.

Како знаеме од Табановце нагоре да бидеме и културни и да почитуваме се што треба, па нормално, таму нема ,,убав на мајка”, Си направил пре кршок, ќе одговараш и ќе си платиш“, напиша Митев на Фејс.

Една од работите кои ќе ги памети засекогаш популарниот фолк пејач Јордан Митев од минатата година, се случи во јули, кога наполни Ракометното игралиште во Битола.

Таму, тој одржа голем концерт во организација на Модното студио Шанел и првиот човек на студиото, Благоја Стојановски, познат во естрадните кругови како Пикси Шанел“, објави Докус пред неколку месеци.

На Митев му гостуваа колегите Марјан Коцев, Демир Кантуровски и оркестарот Уска Кан, а по завршувањето на настанот, пејачот доби голем број на пофалби од многубројните гости.

Да се прави солистички фолк концерт во време кога во земјава секојдневно гостуваат голем број на музички ѕвезди од регионот, кои настапуваат по плоштади, клубови и кафулиња, за многумина од нашата фолк естрада е предизвик за кој тешко би се решиле да го прифатат.

Сепак, како што за „Фокус“ раскажува организаторот Пикси, тој уште од самиот почеток верувал во Јордан Митев и знаел дека концертот ќе помине со огромен број на публика.

-Со квалитетот кој го поседува, со макотрпната работа на естрадата со години наназад, Јордан Митев е далеку пред балканските ѕвезди!

За жал, нашата публика има таков обичај, секогаш повеќе да го цени она кое ни доаѓа од страна, туѓото…

Сепак, на настанот во Битола тој уште еднаш покажа дека е голем професионалец, се надевам дека е пренесена пораката да се покаже многу повеќе почит за него и за сите наши уметници, за се она кое го прават за македонската естрада – рекол Пикси за Фокус во јули минатата година.

Јордан Митев објави една своја песна која се вика „Солзи без зборови“, а таа инаку е многу тажна и во своите стихови вели:

– Без да погледнам и без да кажеш веќе знам, одамна сум сосем сам… ако си ме сакала, барем една минута, и тоа ми е доста, благодарам“, пее Јордан во оваа песна.

А за некои негови обожаватели, оваа песна е голема утеха, како што вели и еден коментар на социјалните мрежи:

-Една од песните со тажен текст која носи силна порака. Браво одлична изведба и текст кој го допира. Верувам многуина си ја пронаоѓаат судбината и се тешат слушајќи ја“, вели една обожавателка на Јордан во коментар.