Naslovna Zivot Јелена Јованова отворено прозборе за своето здравје и за тоа како едвај...

Јелена Јованова отворено прозборе за своето здравје и за тоа како едвај се спасила додека била бремена

Јелена Јованова-Периќ ТВ гледачите ја засакаа како Јелена рецепционерката од Тв серијата „Преспав“, чии репризи сега се емитуваат на МТВ.

– Јелена рецепционерката е еден ултра забавен, никогаш здодевен и инспитаривен лик. Безгранично отворен за игра, весел и неисцрпен карактер.

Од неа може да се очекува буквално се’ и таквата непредвидливост е нешто што ме забавува секој миг поминат со неа на сет, а на мое големо задоволство гледам дека и публиката го ужива истото.

Но Јелена не е само моја креација. Јелена е непрекината синтеза од креативноста на сценаристите Сашо Кокаланов, Елеонора Венинова, Алек Попов, Александра Миланова и Дељана Манев…

Режисерските индикации на Игор Иванов, Вардан Тозија и Даријан Пејовски, беспрекорниот костим на Емилија Ивановска Атанасовска и шминката на Ирена Сенокозлиоска и Наталија Кајевска.

А за нејзиното постоење надвор од „Преспав“ си посведочив веќе неколку пати“, рекла Јелена во едно интервју во Женски магазин, па потоа додала дека ѝ било забавно на снимањата:

-Кога не можеш да уснимиш сцена до крај зошто не престануваш да се смееш, кога три пати во денот те прешминкуваат зошто шминката ти се распаѓа од плачење, верувајте, тешко е да се издвои една интересна случка.

Шарматната актерка успешно ја гради својата интернационална кариера, особено од 2011 година па наваму, по улогата на Есма во филмот „Во земјата на крвта и медот“ кој го режираше Анџелина Џоли.

Поради љубовта кон својот сопруг, хрватскиот актер Стјепан Периќ и ангажманите кои ги има во Хрватска, Јелена живее во Загреб, со сопругот и со синот.

Јелена дала интервју во Слободен печат и таму зборувала за својот син Јaков кој речиси 3 години и за тоа како денот ѝ поминува деот со енго, тоест каква мајка е.

– Ми се чини како родителството да е една бескрајна приказна, која има почеток, но не и крај. Дури беше бебе едвај чекав да оди, сега кога оди, едвај чекам да одлучи малку да седне.

Јаков е темпераментно, здраво и љубопитно дете, кое веќе има свои илјада зошто, а јас не сум сигурна дека ги имам сите точни илјада затоа.

За многу нешта сум флексибилна и кога сум свесно соочена со моменти во кои сум предизвикана и во кои вистински гледам до каде сум лично со развојот на некои нешта.

Тоа се прости рутини од типот на: оброк што треба да е во исто или приближно исто време, раскревање играчки, хигиена и во 21 во кревет“, кажала оваа позната глумица.

Потоа, раскажала како ја поминала бременоста, во времето кога во Хрватска имаше земј-отреси а таа требаше за брзо време да го роди сиот.

– Чувајќи ја бременоста во седмиот месец, едно утро само ни ле тна кровот над глава и сѐ се тресеше како да никогаш нема да престане.

Трчајќи надвор, си мислев дали ќе го исп уштам детето, дали ќе се заразиме, дали ќе нѐ зад уши прашината од фасадата што се ур на пред нас.

Надвор пред родилиштето жени…раѓаа деца. Стра вот во мене се стиши во тој момент од големината, од силата, од жилавоста на самиот живот да истрае, да победи.

Иако се вративме во некоја нормала, јас лично немам чувство дека сѐ е исто како и порано. Но, она што ме радува е што гледам дека конечно грижата за нашето ментално здравје исплива како приоритет.

Барем во мојот случај. Ќе лажам ако кажам дека анкси-озноста ме одмина, но од друга страна, пак, бенефицирав со многу други квалитети“, рекла Јелена во ова интервју.