Naslovna Zivot Анета Молика запеа по дома, без шминка, во опуштено издание, ама објави...

Анета Молика запеа по дома, без шминка, во опуштено издание, ама објави и новости поврзани со дијаспората

Златното грло на македонската фолк песна, Анета Мицевска или позната како Анета Молика повеќе од 18 години е во брак со Џими од групата „Молика“, а од бракот заедно ја имаат ќерка Моника.

Моника има талент за пеење, меѓутоа студира стоматологија, и тоа сака да биде нејзината идна професија.

Меѓутоа, освен талент за пеење изгледа дека ќерката на Анета има талент за готвење и тоа за палачинки.

Имено, Анета во кратките приказни на „Инстаграм“ објави фотографија како нејзината готви, а во описот на истата напиша:

„Кој си знај, си знај“ и јавно и поласка на својата ќерка дека има талент за готвење“, објави во една прилика Вистина.мк

Гордоста на мама Анета и тато Џими израсна во вистинска убавица, која се повеќе наликува на својата позната мајка.

Младата Моника има талент за пеење, но не сака да биде пејачка, а нејзината баба во едно неодамнешно интервју изјави дека наследничката на Анета учи стоматологија и сака тоа да биде нејзина идна професија.

-Воопшто не ми е лесно. Но, за секоја една работа мора да постои ж ртва. Во нашиот случај тоа е нашата ќерка Моника.

За среќа тука се моите родители, кои се грижат за неа исто како што би се грижела и јас. Многу ми недостасува бидејќи постојано сме на пат. Но, сите имаат разбирање за нашата работа“ изјави пејачката во едно интервју.

Анета и групата Молика се едни од најбараните и најплатени фолкери кај нас. На нив, речиси секој викенд им е беше букиран, а се и чести гости и во дијаспората каде полнат сали и распородаваат концерти како од шега.

А има и рецепт за овој успех- за успешна музичка кариера потребен е глас, но и стас!

Дека овие две компоненти одат рака под рака потврдува и Aнета Мицевска од составот „Молика“, која смета дека убавината без вокалот, но и обратно за на сцена не е доволна и вели дека она што е пријатно за уво, мора да биде и убаво за око.

Една од најпознатите македонски пејачки која воедно го поседува најмоќниот женски вокал во земјава, Анета Мицевска со публиката се дружи од нејзина 14 годишна возраст, а искуството си го прави своето.

Анета објави едно видео како пее по дома, и тоа една од најубавите македонски народни песни- „Не кажувај либе добра ноќ“, и тоа заедно со своите колеги.

Анета е во сосема опуштено издание, без шминка, а со оваа песна, таа најави дека на 10 март со групата ќе настапат во Виена во „Маркова колиба“.