Naslovna Magazin Ваква не сме ја виделе досега -Цеца предизвика бурни реакции со новиот...

Ваква не сме ја виделе досега -Цеца предизвика бурни реакции со новиот имиџ (ФОТО)

Изминатата недела донесе низа потреси во најпопуларното шоу на Балканот, Sвезде Гранда.

Мајка на натпреварувачот во „Ѕвездите на Гранд“ Душан Вукадиновиќ, Ната Вукадиновиќ, ја обвини популрната фолк-пејачка Снежана Ѓуришиќ дека од неа барала пари за нејзиниот син да остане во шоуто.

Ваквото обвинување на мајката на натпреварувачот предизвика голем скандал, па се огласи и Светлана Цеца Ражнатовиќ која на својата колешка и пружи поддршка.

„Тоа е еден кандидат кој испадна, кој губи има право да се лути. Сметам дека тоа е многу грдо, тоа го сфатив како удар на сите нас што сме таму. Им се радуваме на кандидатите, го вложуваме своето време, енергија, труд, тоа е наша добра намера, не мораме да го правиме тоа“.

„Ние со договорот не сме обврзани тоа да мораме да го правиме. Да се наметне еден таков неморал на една жива легенда, згрозена сум, тоа е злочин“, вели Цеца и Додава:

„Тоа е нечовечки чин. Такво нешто да кажеш за некој што толку многу се труди, и тоа бесплатно.

Не знам колку тоа чини кога остануваме со нив по седум, осум часови, тоа нема цена. Огромна лаж, бесрамно!

Почувствував силна потреба да ја заштитам својата пријателка, колешка.

Сите сме со неа, сите членови на жирито денес се чувствуваат како и јас, во врска со тоа.

Постојат деца кои се многу благодарни за сé што правиме за нив“, зборуваше отворено Цеца во емисијата „Премиера: Викенд-специјал“ и додаде:

„Пресреќна сум што имам прилика да работам со млади луѓе, да им го пренесам искуството, ситниците кои се важни во нашата работа, да ги исправаме грешките.

Ги гледа целиот Балкан, па барем да се престават на најдобар можен начин. Тие деца знаат многу да бидат благодарни на тоа“, вели Цеца

Многумина велат дека Цеца Ражнатовиќ е најубавата дама на Балканот.

Иако многу се промени од хитот Цветак Зановетак, популарната фолкерка и на овие години плени со својата убавина и неверојатна харизма.

Како дама со исклучителен вкус, стил и став, таа повторно успешно манипулира со трендовите. Новата промена е дефинитивно нејзиното најново оружје. Погледнете подолу…

Пејачката на снимањето на новото ТВ шоу „Ѕвезде Гранда“ се појави во сосема поинакво издание, облечена од глава до пети во сосема поинаква гардероба.

Обожавателите коментираа дека овој романтичен изглед многу повеќе и стои и дека изгледа многу помладо.

Новиот имиџ на Цецa Ражнатовиќ освен стајлингот се заснова и на промена на фризурата, поточно бојата на косата.

Фолк дивата неодамна посетила фризер и решила да направи голема промена – имиџот на Цецa Ражнатовиќ воодушеви многумина бидејќи никој не ја видел со толку светла коса. Таа практично станува русокоса…

– Убава, каква промена, на згодна жена и изгледа се добро – беа само дел од комплиментите што пејачката ги доби за нејзиниот нов изглед, а други се пошегуваа дека Цеца се труди да личи на Јелена Карлеуша.