Naslovna Zivot Татјана Стојановска откри во која држава сака да се пресели ако си...

Татјана Стојановска откри во која држава сака да се пресели ако си оди од Македонија ,а се пофали и со нови парчиња (ФОТО)

– Нашата професија е специфична по многу нешта“, рекла во една прилика, во интервју за Слободен печат Татјана Стојановска, нашата позната Тв презентерка.

Со години таа важи за една од омилените кај Тв гледачите, а во истото интерву таа има кажано „во што е финтата“, тоест што е тајната на успехот.

-Прво, на пребирливиот гледач треба да му се допаднете и да ве прифати со ликот, со изразот, а потоа и со изговорот, со правилната дикција и интонација.

Ние се обраќаме на различна публика, по возраст, по ниво на образование, важно е да те разбере секој. Тоа се оние работи на кои им укажувам на помладите.

Поборник сум за почитување на правоговорот, користењето на стандардниот литературен македонски јазик. Укажувам на грешки кои ги прават во таа насока.

Оние што почнуваат во професијата им треба таков совет и со задоволство го прифаќаат кога ќе им биде даден. Телевизијата е специфичен медиум, се гледа сè.

И ликот, и гестикулацијата и гласот се важни. Со тоа ние допираме до гледачот. Потребна е умереност во сите тие работи.

Потребен е баланс на изразот на лицето, држењето на телото, висината на гласот, брзината на изговарањето, интонацијата на речениците и самодоверба и сигурност при интерпретирањето. При тоа и изгледот е многу важен.

Ненападна шминка, фризура, облека. Почитување на кодексот на облекување, допадлив, но и умерен изглед, со кој му даваме и почит на гледачот.

Секако, секој кој се нафатил да работи во една професија, за да биде успешен треба и да ја сака таа професија, да го има тој нерв. Да биде подготвен секогаш да биде на ниво на задачата.

Во нашата професија потребно е да биде подготвен да ги апстрахира и моменталните лични проблеми и моменталното расположение и да не го прикаже тоа со неговиот лик и глас на екранот“, рекла Татјана.

Познато е дека Татјана беше во брак со пејачот Благоја Грујовски, со кој има син, а сега е во врска со бизнис консултантот Михаил Китановски, а таа го добила ова прашање:

Тивко, без медиумски спектакли одамна го завршивте бракот од кој веќе имате голем син. Тивко, од аспект на јавност, живеете со својот партнер, дали планирате да стапите во брак?

– Секогаш сум била личност која приватниот живот сум сакала да остане приватен, но секако како јавна личност донекаде тоа и не е можно“, изјавила Татјана.

Ја сфаќам потребата на новинарите да се интересираат за приватниот живот на јавните личности и сум го почитувала тоа кај нив и сум дозволувала да напишат нешто и за тоа.

Важно е човек да си го чува интегритетот, да ги заштити и своите блиски. Ако јас имам јавна професија, немаат моите блиски луѓе потреба да бидат јавно експонирани.

Гледам колку можам да ги заштитам. Секако не кријам ништо, затоа што немам што да кријам. Сè што ми се случува во животот се нормални работи што им се случуваат на сите луѓе.

Дали ќе стапам во брак? Јас живеам во неформален брак, што според мене и мојот партнер е речиси исто како и формален брак.

Дали тоа ќе премине во формален брак сега за сега не знам, ако почувствуваме дека тоа е потребно и ќе се случи“, се зборовите на Татјана.

Потоа, таа кажала дека сака многу да патува и раскажала за местата каде што има патувано, и за оние што допрва сака да ги посети, ама кажала и каде би живеела:

– Сакам да патувам, затоа што сметам дека тоа е она што останува како вредност во животот. Имав можност да посетам неколку градови во Европа, но и бев во Канада, на Куба, на Малдиви и во Нов Зеланд.

Од сите тие патувања би ги издвоила како интересни градови Венеција, Барселона и Рим. Секако Малдиви се незаменливи и различни од секаде каде сум била.

А, Нов Зеланд е местото каде би живеела, затоа што таа земја е најблиска со мојата природа и вредностите на кои им давам значење во животот.

Смирен живот, респект и почит кон природата и еколошка преосвестеност на луѓето. Организирање на општеството и почитување на човековите права и квалитет на живот на највисоко ниво“.

Таа на својот Инста профил, ставила неколку слики од своето работно место, а тоа е студиото на Канал 5 телевизија.

Па така, убавата Тања, ги покажала сите сакоа што ги има во разни бои- во пролетни дезени, а секоја боја и секој модел убаво ѝ стои.