Naslovna Zivot Тамара живее на висока нога- еве на какво патување се упати и...

Тамара живее на висока нога- еве на какво патување се упати и со кого (ФОТО)

Тамара Тодевска е секогаш во фокусот на јавноста поради песните за кои се врзуваат сите генерации, поради убавиот глас и интерпретација.

И поради тоа што на социјалните мрежи секогаш гласно кажува што има да каже и објавува многу, за неа драги моменти од приватниот живот.

Неодамна, таа објави дека се разведува од сопругот Александар Димитровски- Мачка со кој има две деца.

Да, точно е дека се разделивме, но ќе продолжиме да одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко.

Ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај. За мене, искрено, многу важни се децата, нивните права и интереси да останат заштитени.

Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на нив и сакам да останат настрана од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично.

И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив, вели Тодевска за Убавина и здравје.

Во едно интервју за Женски магазин, кое било по повод Денот на вљубените, Тамара зборувала за љубовта со Мачка и за тоа колку се тие двајца добар тим, колку се познаваат и како се запознале.

-Мачка ме познава подобро отколку што и јас самата се познавам. Тој е многу повеќе од мој животен партнер. Мачка е човек што секогаш знае да ги каже вистинките зборови.

Знае да ме пофали но и искритикува. Да се радува на моите успеси но и да биде мое рамо за плачење. Ние сме тим што верува дури и во невозможното.

– Со Мачка бевме супер другари седум години. Отсекогаш имало симпатии меѓу нас но животот најверојатно имал совршен план кога да ги претвори тие симпатии во љубов.

Можеби требало да научиме некои животни лекции пред целосно да се посветиме еден на друг.

Сѐ во животот си оди по план и знам дека нашата љубов се роди токму тогаш кога требала да се роди. Тој ме запроси само четирисет дена откако станавме пар.

Мачка нарачал појадок во соба и ме викна да појадуваме заедно. Дојди љубави да јадеме- се убедувавме некое време зашто јас не бев гладна. Си го земав цедениот портокал и си се вратив во кревет, хахаха.

Тука дополнително несакајќи ја одложив целата работа. Целата храна беше отворена, само едно јадење затворено со капак. И јас како за беља почнав да јадам од сѐ по малку, само тоа што беше затворено не го отворив.

Мачка се чудеше како не сум љубопитна да видам што има таму. На крајот, ме убеди да откријам што има во капакот, а таму беше прстенот “,рекла Тамара претходно.

Во јуни во 2015 година, пејачката се омажи за својот тогашен дечко, Александар Димитровски- Мачка, а сега веќе ги има избришано сите заеднички слики од нејзиниот Инста профил.

Свадбените фотографии, барем оние од почетокот на семејната прослава покажуваат дека сепак, невестинскиот фустан не е во црвена боја, како што таа најавуваше- објавија медиумите тогаш.

Тамара сега е на ново патуање, а таа споделила доста сториња како патува со познат турски авио превозник.

Пејачката ужива во својот живот, а на сликите со неа и е Лила Стојановска, и по се изгледа станува збор за некое патување кое и двете ќе го рекламираат на социјалните мрежи.

А на едно од сторињата, Тамара покажала и како ја „тинтраат“ на летот, и како патува со бизнис класа, но и каква храна добила таму.