Naslovna Zivot Слаткар кажа што утиња кога е во прашање Сања и што прави...

Слаткар кажа што утиња кога е во прашање Сања и што прави за да се вади

Познатиот Слаткар тоест Марко Маринковиќ- Слаткаристика е среќно женет човек, со неговата сега веќе соработничка, Сања Николиќ.

На неговата Сања, тој и ја посвети песната „Кажи да“. Со неа ја побарал за жена, а го изиграле и првиот танц на свадбата во 2014 година.

На 27 август, Марко Маринковиќ познат како Слаткар и Сања Николич, поранешна Мис на Македонија ќе прослават девет години брак.

– Долго време го работам ова затоа што и долго време сум се трудел да го добијам. Пробувам да останам приземен, да не гледам во туѓиот тањир и народски кажано да си бркам работа.

По природа не сум натпреварувачки тип (Џордан синдром) и среќа што многу млад почнаа да ми стануваат смешни тие бет лови и докажувања.

Никогаш не сум сакал да ја градам мојата среќа на туѓа “не среќа”. Не сум ни помислил да се споредувам со било кој друг затоа што мојата појава е многу поинаква од другите.

Единствено место каде што мојата мисла тече беспрекорно е музиката. Знаете, слепиот слуша беспрекорно, а глувиот гледа како сокол.

Сменети се луѓето кои искачаат и често се случува да им пеам на нивните деца.

Времето е друго, декадата… Жално е тоа што над 70% од клубовите се затворени, а тоа е показател за одливот на младите“; рекол Слаткар во интервју за Струмица Денес.

Албумите некако излегоа од работна пракса во последниве 10 години. Компакт дискот престана да се користи, а дигиталните платежни платформи се’ уште не се прифатени и затоа има застој во вадење на нови албуми.

Работам на нова музика, и ако дојдам до таква идеја ќе ве известам“, кажал тој во истото интервју.

Сега тој има нова песна што се вика „Сибир“ и ја објави на социјалните мрежи.

А Слаткар, во едно интервју за Сања има кажано зошто е заљубен во неа:

-Затоа што може да ме трпи и затоа што можам да ја истрпам. Затоа што имам сѐ што ѝ недостасува и има сѐ што ми фали.

Ние живееме 12 години заедно, а во брак сме осум ипол ипол години. И пак, секој ден после работа се чекаме дома да се прибереме, да се видиме и да си муабетиме.

Точно, како ден и ноќ сме, но нели,-мора да се стемни за да се раздени. Различни сме, но си имаме потреба еден од друг и се надополнуваме.

Иначе и двајцата сме лав во хороскоп, а од скоро дознавме дека и двајцата сме бик во подзнак. Па ти сега види.

Најчесто сум јас тој што утињам, а она е секогаш во право. А каранците се за далечинското дека не е на место, дека светлото не е угасено, или вратата од соба не е затворена.

Тоа значи дека неколку дена по ред јас ќе фрлам ѓубре“, рекол во Женски магазин Слаткар.