Naslovna Zivot Надица на Маја и Дарко Панчеви е вистинска лепотица, објави една своја...

Надица на Маја и Дарко Панчеви е вистинска лепотица, објави една своја посебна слика (ФОТО)

На социјалните мрежи во поселдно време често ќе се појави некоја реклама за настап на Маја Панчева, и тоа највеќе со Лидија Кочовска, низ разни локали во Македонија.

Маја работи во Македонската опера и балет во хорот, а еднаш во едно интерву за kulart.mk таа кажала зошто ја нема толку многу на естрадната сцена во Македонија.

-Тука сум јас, и ме има толку, можеби колку има и естрада во Македонија и тоа со години. Некако исчезна се.

Постојано се прашувам зошто не ги пуштаат моите песни а секогаш ги носам цд-ата по радиа и спотовите по телевизии? Навистина не ми е јасно.

Мислам дека не води никој сметка. Јас немам менаџер, никогаш во животот сум немала, се сама правам и се трудам навреме мојот матерјал да стигне до медиумите.

Но, за жал не ги пуштаат. Се случува на пример еве песната „ Остави ме да горам“ од Калиопи, со спот од Александар Ристовски-Принц, која е направена пред многу години…

Да ја слушнат на некоја свирка посебно на свирките во Кафе 9-ка кои ги правиме заедно со Ѓорѓи, и да ме прашаат „Маја, нова песна ти е„ ?

Среќа што постојат интернет портали, фејсбук, социјални медиуми, па имаш можност да ја ставаш песната и допира до народот т. е. до слушателите.

И дефинитивно, да така е, нема кој да се грижи како што беше случај во одминатите години.

Тогаш се знаеше дека има новинари, емисии, медиуми кои сакаат да знаат кога нешто има ново, кои доаѓаа, те прашуваа, снимаа, ги пласираа песните.

Можеби пак, се сменија времињата. Порано музиката беше поедноставна и послушлива за луѓето.

Мислам дека новиве генерации, еве на моите ќерки сакаат на пример по цел ден рап да слушаат, нешто ново ….

Не знам, се прашувам често зошто дојде до оваа состојба? Но, сепак сметам дека нема критериум, нема медиуми, нема емисии, топ листи, активни слушатели и гледачи…

Најголемо разочарување ми е МТВ, никаков однос кон емисиите на музиката. Се на се една емисија, без соодветна реклама, кој слушнал, кој видел ..

Најсакана песна и после толку години ми е песната испеана на Охридски трубадури 1998 -ма година „Дај ми да заспијам „. Не добив награда, но публиката ја награди премногу. И досега после 23 години таа ми е најомилената песна.

Среќните години, кои веднаш штом ќе се сетам на било што од нив се годините кога почнував со групата „Бумеранг “. Тогаш студирав, одев секоја вечер на свирка, го правев тоа што најмногу го сакав и навистина тој период ми е најсреќен.

Среќна бев што и дома на моите родители можев да ги почастам од заработените пари а тоа ме правеше многу горда. Тоа беше за мене во мојата професија најсреќниот дел“, рекла Маја.

Таа и Дарко Панчев се родители на две убави ќерки Надица и Марија, а во ова интервју свој дел дала и Надица која рекла:

-Тренирав малку одбојка ама рекреативно, со пеење не …Не ми е предизвик. Сестра ми сака да пее. Јас тренирам, вежбам, трчам спортувам за да си го одржувам како велат “здаво тело и здрав дух“.

Се запишав на германски јазик, од мала ги сакам јазиците, германскиот посебно. И одбрав да учам и литература што е знак дека сакам да читам и тоа ми е предизвик“, рекла Надица.

Надица вели дека сака убави нешта, патувања, убава храна, убава дружба но, впечатокот е дека е скромна девојка, која на момент наликува на Дарко а веќе во следниот мислите дека е цела Маја.

Надица на својот Фејсбук профил, објавила своја слика на која изгледа многу убаво, а сликата е од некој посебен повод.

Таа е дотерана, со цвеќе во рацете и се гледа дека Надица пораснала во ептен убава девојка, а мама Маја и татко Дарко сигурно дека се гордеат со својата лепотица.