Животната приказна на Бредли Купер е поплочена со успеси и неуспеси, но и со тајни кои долго време ги чувал во себе.
Тој е во својата 5-та деценија, и се уште се смета за еден од најпосакуваните фраери меѓу актерите.
Меѓутоа, многумина разочара фактот што остана да живее со мајка си, па дури и ја носеше бурмата на татко му.
На жените им е многу тешко да го освојат неговото срце, па дури и кога тоа ќе се случи, нивната љубов многу брзо се распаѓа.
Интересно е и тоа што се шпекулира дека главен виновник за пропаднатите врски на актерот е неговата мајка.
Бредли сè уште живее со својата мајка Глорија, со која често се појавува во јавноста, а речиси и да нема настан каде таа не му е придружничка.
Освен длабоката меѓусебна поврзаност, една од причините што го натерала актерот да живее со мајка си и на 48-годишна возраст, било и упокојувањето на неговиот татко, нешто што и двајцата тешко го поднеле.
Имено, Глорија била скршена од загубата на сопругот, па нејзиниот син ја замолил да се пресели во неговиот дом во Лос Анџелес, каде што таа останува до денес.
„И токму сега, две години по упокојувањето на татко ми, еве не. Моето семејство е многу блиско, а заминувањето на татко ми беше брутално за сите нас.
Не потресе сите и не сме целосно закрепнати. И затоа си требаме еден на друг. Значи, еве сме“, рече Бредли во интервју за ЛА Тајмс во 2013 година.
Долго време се зборуваше дека актерот не може да има девојка бидејќи мајка му се меша во секоја врска, а таа одлучува со кого ќе биде.
Таа беше обвинета и за ненадејното раскинување со Ирина Шајк во 2019 година, бидејќи Бредли е многу приврзан за неа, поради што не може да има подлабока врска со друга жена.
Купер и мајка му се неразделни, а тој многу често ја носи на црвени теписи, патува со неа, ја слуша без прашање и кога е во прашање неговиот личен и деловен живот.
Извор: Курир.рс