За Сузана Манчиќ изгледа како времето да застанало, бидејќи изгледа подобро од кога било, судејќи по новите фотографии кои ги објавува на социјалните мрежи.
Водителката и поранешна „Лото девојка“ со години е позната како една од најнегуваните познати дами кои се грижат и за својот изглед, а најновите фотографии се уште еден доказ дека годините не ѝ можат ништо.
Водителката пред извесно време престојуваше во Варшава и ги известуваше следбениците за своите активности, а нејзината витка линија им привлече око на многумина.
Евидентно е дека Манчиќ ослабела многу, а забележливо е и дека новата килажа одлично и прилега. Фотографиите на Сузана Манчиќ е доказ дека времето за неа застанало, па не е чудно што со години е позната како една од најнегуваните познати дами кои се грижат и за својот изглед.
Верувале или не, таа во ноември минатата година наполни 66 години. Во една прилика изјави дека љубовта на далечина со сопругот кој живе во Атина ја одржува.
Сузана Манчиќ еднаш изјави дека размислува за пензија, неодамна доживеа нес реќа на улица и го скр ши прстот на ногата, а потоа откри како се случило тоа и како се чувствува.
„Од непознати причини пад нав на пешачки премин. Одев полека, среќна, насмеана и наеднаш танцував.
Ги заглавив сите три прста, а едниот беше најп овреден, но што ќе правиш…“, се пожали водителката која на снимање потоа наместо високи штикли облекла патики.
Водителката Сузана Манчиќ неволно се сеќава на својот прв брак со бизнисменот Небојша Куниќ, со кој имаше две ќерки Наталија и Теодора.
Првиот сопруг на Сузана Манчиќ беше член на некогаш многу популарниот бенд „Седморица младих“, а по долго пријателство меѓу него и водителката се роди љубов.
Иако некогашната „лото девојка“ за многумина беше неостварена желба и многумина ја молеа, таа во 1989 година му кажа „да“ на Небојша. Двојката се разведе по осум години брак, но ја добија најголемата радост во животот – две ќерки.
Сузана, која тогаш беше на врвот на кариерата, го сврте животот за да се посвети на семејството, а кога Небојша почна да се занимава со приватен бизнис, Сузана го следеше низ целиот свет.
Сепак, со одредена доза на иронија и хумор водителката се сеќава каков бил нејзиниот брак.
– Обично велам: таква девојка, таква невеста, и го запросив сопругот на кој му бев трета сопруга – изјавила тогаш, пренесува магазинот „Стори“.
По ненадејниот развод, Сузана се вратила со ќерките во родниот град.
Најпознатата српска лото девојка Сузана Манчиќ е со својот партнер грчкиот бизнисмен Симеон Окомокос веќе 25 години. Двојката ја круниса врската со брак во 2018 година, по што водителката живее меѓу Белград и Атина.
Во медиумите, Симеон беше окарактеризиран како бизнисмен, но за неговите претходни работни места и образование речиси никогаш не се пишуваше.
Симеон дипломирал право и економија на Универзитетот во Атина, а работел како комерцијален специјалист во Американската амбасада во Атина.
Бил и извршен директор на Американско-грчката стопанска комора, како и генерален секретар на деловните совети меѓу Грција и другите земји.
Од 1997 година е основач на SGT, компанија за корпоративни комуникации, а потоа отвори филијала во Белград – Tsomokos Group International (TGI).