Naslovna Zivot Без ич шминка, гордо ги носи своите години- Ирена Спировска во досега...

Без ич шминка, гордо ги носи своите години- Ирена Спировска во досега невидено издание

Кај Ирена Спировска се посебни многу работи, но сепак тоа што посебно ќе го издвоиме за неа е стилот, кој кај неа варира во однос на работните обврски, промоциите на кои се појавува или пак тоа што обожава да го носи во слободното време.

Таа е сепак една од најистрајните личности на македонскиот ТВ-етер, каде што има променето низа телевизиски станици и емисии и сѐ уште е една од најбараните водителки.

Со години наназад, таа изгради успешна кариера во медиумскиот простор која се уште трае, а Ирена е актуелна и сега како и порано.

Таа е најангажираната водителка на промоциите на речиси сите познати поп и фолк-пејачи, како и многу културни и општествени настани и е синоним за успешна, но и негувана и убава жена.

Ирена беше активна и во модниот свет, таа е Зимска убавица на Македонија за 1993 година.

„Бевме дел од манекенската екипа на Марјан Димитриевски кој во тоа време ја имаше најдобрата модна агенција. Ние станавме дел од неа на почетокот на деведесетите.

Станавме дел од подмладокот на агенцијата и освен на модни ревии учествувавме и на избори за убавина како претставнички на агенцијата. Јас бев избрана за Зимска убавица на Македонија во 1993 година.

Тој период јас веќе работев во МТВ како хонорарен соработник, па решив да се откажам од модните писти и да им се посветам на студиите по книжевност и на работата во телевизија“, се сеќава Спировска за Женски магазин.

Спировска е една од ретките која успева умешно да направи баланс меѓу приватниот и професионален живот, а слободното време го користи за планинарење.

Највисокиот врв кој го има искачено е Триглав, а целта и е да искачи и некоја повисока планина. Инаку, таа со својот партнер Душко Исајловски и со пријател се искачи на врвот Магаро на планината Галичица, а има искачено уште многу врвови.

Спировска во една прилика детално раскажа како почнала нејзината кариера.

Нејзината ТВ приказна започна пред многу години кога сосема случајно во едно кафуле ја забележал ТВ режисерот Миле Гроздановски од тогашната ТВ Скопје.

Во тој период, режисерот бил во потрага по нови лица, a бил сигурен дека го нашол вистинското.

-Ми понуди веднаш ангажман, да снимам тв реклама, но бидејќи бев сè уште средношколка, најпрво се двоумев дали да прифатам и дали тоа ќе влијае на мојот успех во училиште.

Во двомесечната обука која ја имавме во МТВ започнав да работам на најава на програмата. Талентот за водење, во мене први го препознаа Александар Сидоровски и сега веќе покојниот Диме Костовски од третиот канал на МТВ.

Во тоа време овој канал нудеше забавна програма која беше многу популарна и гледана, а тие двајцата постојано мобилизираа нови млади луѓе да работат во Канал 3.

Така добив шанса и задача да направам авторска емисија. Одлучивме емисијата да биде музичка и да биде посветена на забавните и народните македонски евергрини.

Користевме црно-бели снимки од архивата на МТВ, а доајените на македонската музичка сцена ни раскажуваа во живо во емисијата за себеси и за нивната работа.“

За Ирена Спировска сите коментираат дека е секогаш иста, и дека како да стојат годините за неа. Таа е всушност една од најубавите жени што се однесува во ТВ лицата кај нас, а еднаш Ирена откри и зошто е тоа така:

-Пораката што сакам да им ја упатам на помладите е дека со редовни спортски активности и со умерена исхрана можат да бидат атрактивни и убави и во зрелите години. Жал ми е што гледам сè повеќе млади девојки со естетски корекции.

Жените во зрели години и можам да ги разберам некако што се одлучуваат да направат естетски интервенции, но никако не можам да ги разберам младите девојки“, изјавила Ирена во Женски магазин.

Ирена на пост на Инстаграм објави своја слика, тоест видео како се мачка со крема, а ова видео е всушност реклама за кремата за лице која ја става на лицето.

Со Femigen+ дневена и ноќна крема за секојдневна нега лицето во зрели години. Зачекорете женствени во иднината…@biotenmakedonija“, стои во описот на ова видео.

А, на него, Ирена нема воопшто шминка на лицето, таа е сосема природна, а еден од коментарите вели- фина принцеза. Ирена своите години гордо ги носи и овде покажа што е вистинска природна убавина.

А, инаку Ирена не ги крие своите години, и ова лето што доаѓа, таа ќе наполни 49 години.