Секој пејач од Босна и Херцеговина ги сака севдалинките, и општо, народот на Балканот ги сака и во кафана ги нарачува, а тоаа во една прилика го искоментира и Здравко Чолиќ.
– Ја сакам севдалинката, но ако некоја мелодија ми се допадне, без оглед на тоа како е аранжирана, таа се става на албум. И тоа е игра на случај, затоа што пред сѐ се врзавме за песните, а во нив можеби провејува тој мирис на стариот босански севдах.
Тоа е таа стара сараевска школа: „Бијело Дугме“, Кемал Монтено и целата таа плејада на сараевските музичари, секогаш истото тоа го имале во своите песни.
Тоа се готови песни кои ги добив, стојам зад нив, тоа е таа сараевска емоција. Златан Фазлиќ- Злаја е еден од попознатите саравески кантавтори, текстописци.
Уште од Кемал Монтено и нашите соработки кои датираат од времето кога почнувавме, сараевската поп-школа на која тој припаѓа.
Самите текстови се по игра на случај тажни, и самата таа тага во текстовите особено кога се во прашање тие две-три саравески, некоја тага да провејува од нив.
Но, тоа не е мој став , ниту јас сакав така да биде, туку тоа се готови песни кои ги добивме и за кои се определивме.
Носталгијата ја чувствувам по тие некои дружења со пријателите кои се преселија по светот, а некои за жал повеќе не се меѓу нас- изјавил Чолиќ за своите песни.
Слични автори имаат иста школа“, рекол во Женски магазин Здравко, а потоа, тој раскажал интересна анегдота за денот кога си ја славел диполмската.
Го раскажа начинот на кој упокоениот пејач на групата „Индекси“ Даворин Поповиќ му честитал и за подарокот кој му го донел.
– Тоа е убава епизода од животот, кога човекот ќе дипломира. Се сеќавам, излегувам од кабинетот на професорот, а во ходникот ме чекаат пријатели и сите помалку или повеќе носат бонбониери, цвеќе, некои виски.
Тогаш се појавува Даворин Поповиќ кој ми донесе векна леб со ружа и вели: „Еве, сега си свој човек.“ Во смисол: Можеш да пееш од денес до утре, но сега имаш хартија која ќе ти значи дека секогаш во животот нешто можеш да работиш и самиот.
Многу пријатели се тука, без оглед на тоа дали се гледаме во Сараево или ќе се сретнеме некаде низ светот, или некаде во земјите на поранешна Југославија.
Тоа се секогаш драги средби без кои не се може, секогаш тука нешто „ќе се залее“ како во песната на Бајага, хахаха, јас сум во краен случај дел од тој сараевски круг и некои од нашите дружења.
Тоа се пријателства кои никогаш не можат да умрат, тоа е нешто што е секогаш во нас“, рекол Здравко.
Неговата ќерка Уна е една од поглавните инфлуенсерки сега.
– Родителството е сериозна улога, ќерките се добро, сѐ уште на училиште, и во период сме на училишни обврски, со кои сопругата повеќе се занимава отколку јас.
Тинејџерки се, но ограничувањата мора да се знаат. Јас сум малку попопустлив, но жената е секогаш столб на куќата, така било некогаш, така ќе биде и сега.
Не сум строг родител и тоа ми е единствен проблем. Денеска средината повеќе влијае на децата и младината отколку на домот. Ако сега поставите исправна граница, еден ден децата ќе ви бидат благодарни“, рекол Чолиќ за ќерките.
На Фејсбук страницата Носталгија, се појави слика од Чолиќ на која овој познат пејач изгледа сосема пооинаку од денес. Сликата е доста стара, а во нејзиниот опис пишува:
Поради ова се велеше: Убав како Чола. На сликата, Чола е облечен во духот на седумдесетите години, во пантолони ѕвонарки, ама она што „боде очи“ на сликата се каубојките на штикли, а Чолиќ досега не сме го виделе во вакво издание.