Naslovna Zivot За малку немало да расте покрај неа, ова го сторила мајката на...

За малку немало да расте покрај неа, ова го сторила мајката на Кристина Арнаудова за својата ќерка, а сега има повод за славење

Пејачката и автор Кристина Арнаудова веќе долги години гордо стои зад здружението „Проект среќа“, кое интензивно им помага на децата кои живеат во соц ијален ри зик да имаат посреќно детство.

-Сите проекти на кои работиме се насочени кон подобрување на квалитетот на живеење на децата во социјален ризик, и нештата кои во иднина ќе ги направат еднакви, квалитетни и конкурентни во општеството.

Голем дел од тие деца ги немаат истите услуви за образвание , неформално образование и развој и лоцирање на таленти како нивните врсници.

Токму тоа е она што недостига за да во иднина имаме една нова квалитетна генерација на нови луѓе кои ќе бидат носители на општеството.

Со моменталната ситуација, кога огромен број на деца живеат во тешки материјални услови, потребата на вакви проекти е неопходна.

По отварањето на детското драмско студио ,,Неверленд“ кое е бесплатно за сите деца кои се во таа категорија, и кое го посетуваат повеќе деца, следно како уметност беше музиката и ликовните уметности, но и разни вештини со раце.

Имаме уште многу планови, и вредно работиме на тпа што повеќе деца да можат да ги користат овие услуги“, рекла Кристина во едно интервју за Женски магазин.

Кристина е мајка, има два сина, а нејзин сопруг е Александар Петровски кој е поранешен ракометен тренер. Исто така, се знае дека Кристина е ќерка на Гоце Арнаудов, нашата легенда во народната музика.

– Најзадоволна сум од нашиот развој, од тоа што го лоциравме нашиот фокус, а тоа се децата, што сме тука за нив, и што направивме од „Проект Среќа“ едно големо семејство каде тие се секогаш добредојдени.

Среќна сум што не чувтсвуваат за семејство и што знаат дека можат да ни кажат сѐ, и знаат дека сме секогаш тука за нив.

Разочарувањата во оваа работа се секојдневие, па се трудам да не се фокусирам на нив. Од незаинтересираноста на најголемиот број компании да се вклучат, па сѐ до игнорирањето од институциите кое ни се случува секојдневно“, кажала Кристина.

– Во одреден период од животот сфатив дека ми се потребни мир и смиреност на умот. Тоа отсекогаш ми недостигало. Природно сум многу темпераментна, не знам да седам на место, постојано нешто работам, и тоа не е секогаш добро.

Потребно ми е да знам да бидам мирна сама со себе и да го смирам умот, кој знае да биде наш најголем пријател, но и непријател. Јогата е дисциплина за која ништо не ти е потребно, само сопственото тело.

И по можност тивка околина, нешто што ретко го имам (ха-ха-ха). Во време на пандемија, кога дружењето и движењето треба да се ограничени, јогата е најбезбедна за практикување“, кажала Кристина во Слободен печат.

Ние работиме постојано, тоа е наше секојдневие, а помагање на лица што имаат потреба е нашата работа.

Секојдневно се делат пакети помош, храна, компјутери, таблети, лаптопи, училишни прибори, се бараат донатори што го овозможуваат сето тоа, градиме тоалети на семејства со деца што немаат или се во многу лоша состојба.

Имаме многу активности со „Проект среќа“, додала таа. Инаку, се знае дека мајката на Кристина се вика Мери, и изгледа одлично, како девојче, оваа жена е доста младолика.

За својата мајка, таа во Женски магазин ја има раскажано оваа приказна, и за своето детство, а се поклопува со нејзината желба сега да им помага на луѓето и кога таа желба се случила.

-Не се сеќавам кога точно се случило тоа, бидејќи и како мала имал нагласена потреба да помагам некому.

Кога бев доволно голема да разберам, сфатив дека мајка ми која ме родила на 19 години, е заслужна за тоа што јас растам со неа, а не во дом за деца, иако нашето семејство инстистирало да бидам дадена во дом.

Тогаш сфатив дека она кое ме дели мене од децата кои се во дом, е само мал момент на одлука, мал момент на инает и љубов, став, и отпор кон предр асудите. Тогаш го добив тој голем порив да им помогнам“, кажала Кристина.

Нејзината мајка славела роденден, а Кристина ова го објавила за неа по тој повод- слика како дува свеќички и напишала: Среќен роденден мајко моја, те сакаме!