Naslovna Zivot Илина Арсова имала и тешки моменти – финансиски била на дното и...

Илина Арсова имала и тешки моменти – финансиски била на дното и со автостоп патувала од Скопје за Охрид

Илина Арсова е креатор е на проектот „This is HERstory”, документарен серијал за инспиративни жени кои го менуваат светот низ спортот.

И ништо друго во животот да не направила (а направила), сето ова ја прави уште попосебн, објави Фешнел во една прилика за Арсова, која е една од нашите најуспешни жени.

Таа е актуелна и по својот приватен живот, по врската со Игор Џамбазов која неодамна заврши, а ова го потврди и Џамбазов кој рече дека виновник е далечината, тој во Македонија а таа во Америка.

Илина на Инстаграм од Америка каде што сега живее и работи, и е на докторски студии, искрено им одговараше прашања на своите следбеници на Инстаграм.

Едно од прашањата беше: Како е можно да не се плашиш од висина? Имаш ли некој страв воопшто? На ова, Илина одговори на англиски јазик:

-Секако, стравот е нашиот долговечен животен придружник. И сакам да се дружам со него“, стои во објавата на сторито на Илина.

Покрај планинарството, таа е стра ствен активист за здрава животна средина, креативец, уметница.

Но, пред сè, човек, жена која сепак во суштинските работи не се разликува од другите.

Нишката на слободата ги спојува сите нејзини љубови… И токму за тоа што е слобода, за тоа што би можело да ја плаши жената што ги освои највисоките врвови, за вистинските порази, чувството кога си „горе“…

Но и кога си на „најдолу“, за тоа каква жена таа гледа во својот одраз, а каква другите, се дел од темите на кои разговарарале со Илина во Фешнел.

– Благодарение на моите родители кои ни ја всадиле љубовта кон природата, уште од мала падините на Водно беа мојата комфор зона.

Потоа следеше извидништвото каде истото се потврди и секако екстремните спортови кои доста рано станаа неразделен дел од моето постоење.

(На 14 години посетував обука за падобранство, на 16 почнав да летам со параглајдер а некаде од 20-тата почнав со качување карпи и повисоки планини).

-Вистинската победа е да се вратиме дома живи и здрави. Во одредени моменти потребно е да се остане истраен, да се надминат криз ите и со тоа извојуваме победа над самите себе.

Илина Арсова
Илина Арсова

-Секој си има свои бубачки. Мислам дека сум искрена, праведна, доста емотивна. Во љубовта комплицирана и по потреба рационална.

Во голема мера едноставна, практична, со искрени намери за заштита на природата и промовирање на еден поубав свет на родова рамноправност и вистински вредности.

Во рамките на нашата земја имам направено многу работи како прва и единствена дама. Сепак свесна сум дека во светот има многу како мене и уште многу појаки од мене.

Би сакала херо јството да биде пример и поттик за другите дека „секој може“! Не очекувам ниту пак имам посебен третман заради тоа, но можеби имам поголемо алиби кога барам поддршка за нови предизвици.

– Тоа е чувство на блага зашеметеност, истовремено изоштреност на сите рецептори и интуицијата. Токму фактот дека тоа не е природна средина за многумина, а за мене доста пријатно, ме прави да се чувствувам посебно.

Како да сум била создадена за живот во тие услови. Комбинацијата со моќниот пејзаж за мене претставува средина во која се чувствувам најсреќна.

Во 2013 бев доста актуелна како прва Македонка која се искачила на врвот на светот, Монт Еверест, медиумите ме нарекуваа хероина, но никој не се заинтересира за мојата реална состојба.

По враќањето од врвот, јас бев на работ на егзистенцијата бидејќи за конкретната експедиција ја жртвував работата и продадов се’ што имав.

Значи нашата херо ина беше духовно на врвот, но финансиски на дното и автостоп си одеше од Скопје за Охрид во потрага по нов егзистенцијален почеток“, изјавила нашата алпинистка.