Naslovna Zivot Татко на 4 деца- има два големи сина од времето пред да...

Татко на 4 деца- има два големи сина од времето пред да се ожени со Гавазова- ова е гордоста на Јасмин (ФОТО)

Во една прилика, нашата позната и популарна фолк-пејачка Сузана Гавазова ја прашаа: Како ја освојуваш публиката со глас, стас, добар настап, добра песна?

– Најпрвин добра песна, секако тука е и стасот. Еден добар пејач треба да поседува и добар глас, а мислам дека најголемото оружје е добрата песна.

Јас сум задоволна од мојата работа, задоволна какви песни сум избрала, и сите песни се одлично прифатени од страна на публиката и се големи хитови“.

Она што сите ги интересира кога станува збор за фолк-пејачите е секако бакшишот, кој колку добива и каде публиката е најдарежлива. На оваа тема, Сузе рекла:

Па добро, имало бакшиш многу, секако дека имало, но тоа не се однесува само за мене, туку за целата група и кога ќе се подели – пак е малку.

Па ајде да кажеме, ако ме прашувате за најголем бакшиш би го посочила настапот во 1999 година со групата „Пицикато“, а имавме гости од Турција кои не почестија со 2500 германски марки.

И во Австралија можам да се пофалам со добри бакшиши“, рече Сузана која често настапува за нашинците во дијаспората кои многу ја сакаат, ја слушаат, и ја канат да пее во повеќе земји.

-Порано пеев повеќе фолк песни, ново компонирани фолк песни по фестивали, а сега повеќе модерен фолк или поп фолк, како што пеат во Бугарија и Србија и ќе кажам дека тоа е најактуелна и најбарана музика во денешно време.

Се сметам за популарна бидејќи насекаде кога одам низ Македонија ме застануваат луѓето, па сакаат да се фотографираат…

Тоа секако дека ми одговара и се сметам за популарна“, рече Сузана.

Сузе е екстра домаќинка: Нема манџа, јадење во тава или десерт кој таа не може да го направи или да го приготви, а тоа редовно го поажува на нејзините сториња на Инста.

Поснато е исто така дека Сузана е во брак со Јасмин Курузовиќ, а тој босанец кој долги години живеел и работел во Шведска.

Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака. „Јасмин е човекот кој го барав цел живот.

Се се случи бргу, но јас сум среќна – изјави таа веднаш по свршувачката своевремено“.

Во една прилика, Јасмин на својот Инстаграм профил има објавено слики од сите свои четири деца. Со Сузана, тој ги има ќерките Емили и Селена.

А претходно, тој има два големи сина, кои се прекрасни момчиња, и си наликуваат со татко им.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by jasmin kuruzovic (@jasminkuruzovic)

„Мојот живот“, напишал Јасмин до овие слики и објавил фотки од неговата голема гордост, двата сина и двете ќерки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by jasmin kuruzovic (@jasminkuruzovic)