Naslovna Magazin Снежана Ѓуришиќ проговори околу митото – има и трета страна замешана, ќе...

Снежана Ѓуришиќ проговори околу митото – има и трета страна замешана, ќе тера до крај

Популарната српска пејачка и членка на жирито на музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“, Снежана Ѓуришиќ, минатата недела се најде во центарот на медиумските наслови ширум Балканот.

Причината е што натпреварувачот Душан Вукадиновиќ и неговата мајка ја обвинија дека им побарала поткуп за да помине во следниот круг на натпреварот.

Пејачката денеска гостуваше во емисија на медиум, каде детално опиша што се случило, но и јавно им се заблагодари на колегите кои и испратија зборови за поддршка.

– Би сакала да им се заблагодарам на сите мои колеги кои ме поддржаа. Таа ми значеше, иако знам дека не направив ништо лошо. Првата поддршка ја добив од Аца Лукас, кој ми испрати порака дека ме сака и почитува.

Благодарам Ацо, благодарам на Мира Шкориќ, Биља Јевтиќ, моите колеги од жирито. Кога човек е во шок и му се случуваат такви ниски работи, многуѕ значи еден љубезен збор и поддршка.

Имам толку многу да кажам за ова, но не смеам да зборувам на друго место бидејќи предметот е предаден на правната служба – изјави Снежана за Курир.

Снежана призна дека после сѐ, се обратила на адвокат и дека правдата ќе ја бара на суд.

– Бев шокирана од тоа што се случи, па брзо сфатив во која грмушка лежи зајакот. Ако тие луѓе и јас, бидејќи тој е мој кандидат, сме жртви на нешто сосема трето, некои луѓе кои имаат лоши намери, но нема да кажам.

Секој што нема релевантни докази ќе одговара, како и овие луѓе, бидејќи адвокатот собира документи и сведоци.

Нема да го испуштам ова бидејќи сум некој што од никого ништо не побарала – додаде таа.

Како што ја обелодени во медиумите пораката што ја добила од Душан откако тој беше елиминиран во баражот од третото коло, Снежана откри што сепак му одговорила.

– Ми испрати порака која ја сфатив како детски очај. Тоа дете е малку постаро од мојот внук, го видов како во очај што испадна.

Но, се е јасно видливо во таа порака, дека се осмелуваш да кажеш дека си генијалец за Марија и Мили, тоа кажува се.

Му реков да не се откажува, но мора да знаеш дека си далеку од генијалец, така му реков – заклучила Снежана.

Водителот Иван Гајиќ ја праша пејачката која е таа трета страна за која често зборува, но пејачката не сакаше конкретно да одговори.

– Ужасно ми е непријатно, одлучив од сега да ставам точка на сѐ. Кој е третата личност тоа нема да го спомнувам јас, туку правосудниот систем кој сериозно ќе се позанимава со ова – нагласи Снежана.