Naslovna Zivot Си имаме една клупа кај нас во маало, ќе се најдевме таму-...

Си имаме една клупа кај нас во маало, ќе се најдевме таму- Елена и Панчо открија интересна приказна

Панчо и Елена Ристеска гостуваа во емисијата „Жилет шоу“ со Живкица Каленикова, и таму на многу теми разговараа, а главна беше проблемот со ан-ксиозноста.

Панчо рече дека со оваа ситуација се соочил поодмна, кога ја загубил својата мајка, и прво не занел за што станува збор, а сега веќе отворено зборува на таа тема.

– Тоа е состојба на умот. Самиот збор значи живот и таа состојба најчесто им се случува на интелегентни и емотивни луѓе и на тие кои си поставуваат високи цели во животот.

Првпат со оваа состојба се запознав во 2004-2005година. Не знаев што ми се случува. Ги направив сите испитувања, но ниту докторите не ми дадоа појаснување за состојбата.

Во 2010 година таа го достигна зенитот. Се запознав одблиску со анк-сиозноста, која навистинаможе да биде голем н епријател, доколку не ја прифатиш.

Благодарение на една моја учителка, психолог, успеав да се справам сам без никакви меди каменти. Иако имав стр ашни падови, работата и вербата во себе, поддршката на блиските, ми беа најголемите „лек арства”.

Заврши и таа фазаи јас веќе бев подобар. Но, откако ја изгубив мајка ми, се повтори во на јл ошата можна фаза. Мислам дека тогаш го допрев дн ото.

Симптомите се различни кај секого. Имав страв и пани чни напади. Тие ми се рефлектираа со страв од топло време и сонце, од луѓе, метеж и јака светлина…

Мојата работа е поврзана со скоро сите наведени нешта. Работев многу на себе, посетував психолог, читав психоан алитичка литература.

Слушав мотивациски говорници и почнав да посетувам акупунктура..“, кажа Панчо во една прилика во Женски магазин.

-За среќа имав еден родител, но беше како да имав двајца. Мајка ми беше храбра, добра и хумана жена, која ме научи на вистинските вредности.

Хуманоста ми е дефинитивно генетско надследство од неа. Исто така ме научи на најважното нешто, а тоа е да бидам и останам човек помеѓу сите луѓе.

– Факт е дека јас и Водно станавме едно и пресреќен сум. Отсекогаш сум одел на Водно, но не толку често поради начинот и работното време на мојата професија.

Со оглед на сегашната ситуација и фактот дека ние уметниците од самиот почеток сме единствени кои сме технолошки вишок во државава, слободното време максимално го користам на спортски активности.

Планинарам или трчам. Почнав да трчам по 10 километри кои се и мој личен рекорд во должина. Од неодамна имав и свој личен временски рекорд на кој сум бескрајно горд и среќен.

Спортувајте тоа е мој совет до сите луѓе“, кажа Панчо за време на пандемијата кога секој ден одел на Водно.

А, оваа иста тема, одењето на Водно и дека му помогнало тоа, тој ја кажа и во емисијата „Жилет шоу“. „Кога имавме концерт во Метрополис Арената јас се исплашив.

Се симнав од бината, седнав на скалите, му реков на Андреј да збори нешто, даа ги забавува луѓето. Се исплашив, а потоа се вратив назад на сцената“, кажа Панчо.

А, истиот овој проблем гом имала и Елена Ристеска. Таа рече дека со Панчо живеат блиску и се среќавале да разговараат на оваа тема:

– Ќе се најдевме на една клупа во маало, си имаме една наша клупа, ќе си седнвме и долго разговаравме“, кажа Елена за својата бор-ба која е сега зад неа и рече дека Панчо многу ѝ помогнал.