Naslovna Zivot Сара Мејс раскажа вистинска приказна за Димитар, како ја изненадил, ама и...

Сара Мејс раскажа вистинска приказна за Димитар, како ја изненадил, ама и што не чини во нивниот брак

Сара Мејс постојано е во друштво на Димитар Атанасовски, но не сакаат да ја потврдат својата врска и успешно се обидуваат да ја сокријат од љубопитните очи на јавноста, па затоа многу ретко може да се забележат сами.

Ова го има објавено „Убавина и здравје“ уште во 2014 година, за нашиот познат водител и пејачка- харфистка, а сега веќе тие се еден од најсреќните брачни парови, и имаат две деца, Илина и Кирил.

Наводно, македонската музичарка паднала во рацете на згодниот водител уште за време на снимањата на емисиите „Танц со ѕвездите“ каде што учествуваа и двајцата.

Често се во друштво на свои заеднички пријатели кои им се добро „алиби“ за нивната романса.

Така беше и кога двојката уживаше на една од плажите во Охрид, но овој пат „алиби џокер“ беше Панчо од „ДНК“.

Тој како по директива ниту еднаш не ја остави двојката да ужива во романтичниот викенд. Токму и на настапот на „ДНК“ во Охрид, Димитар го зеде микрофонот од рацете на Панчо и запеа.

Сигурно погодувате кој најмногу му ракоплескаше на неговиот музички настап“, се пишуваше за нивната љубво во Република пред 9 години.

„Таа вечер дефинитивно имаше хемија во воздухот помеѓу нас двајца, па така Димитар не губеше многу време и веднаш ми побара број, а веќе наредното утро ми пиша“. вели пејачката и харфистка Сара и откри кога се случил првиот нивен состанок:

„Првиот состанок ни беше во кинескиот ресторан во центарот на Скопје и до денес таму си прославуваме убави поводи….

Помнам дека уште во врска честопати се враќавме за убави поводи во тој ресторан, дури ни дадоа и амајлија за вљубени- објави Женски магазин.

Инаку мојот впечаток после првиот состанок беше доста силен…. Димитар ми беше преубав, препаметен, привлечен, забавен, интересен….

Кога се вратив дома си гледав во ѕид, си сублимирав впечатоци во глава и уживав во пеперутките во стомак….. “, изјавила Сара за својот сопруг во Женски магазин.

Потоа, таа открила некои работи за нивниоот живот кои до сега ги нема кажано:

– Татко ми го знаеше од телевизија и многу го сакаше, му беше фан , а јас со неговите не се сеќавам кога се запознав официјално….

Мајка му ја имав среќавано уште на “Танцот”… Памтам прв пат кога отидовме во Бојанчите и кога ги запознав баба му и дедо му… “.

-Сме имале по еден ис пад (на љубомора) до сега и двајцата, ама љубовта победи на крајот. Во нашите професии да имаш љубоморен партнер е невозможно…

Или пак ако е така, тогаш сигурно ќе стр адате и двајцата… Бавно, тивко, ама сигурно би следел крај….

Што знам всушност, каква и професија да има човек мислам дека љубомората не е пријател на бракот, партнерството и другарството…. “.

Димитар буквално нè посипува со подароци и мене и Илина. Многу често знае да го направи тоа, да не речам еднаш неделно….

Ужива да нè изненадува и размазува, а богами и нас не ни е лошо“; изјавила Сара Мејс.