Naslovna Zivot Никола и Боби од „Брза кујна“ им се извинија на гледачите на...

Никола и Боби од „Брза кујна“ им се извинија на гледачите на ТВ Сител- еве каква приказна раскажаа

Според некое непишано правило се вели дека дамите не се прашуваат за години. На некои тоа им одговара бидејќи не сакаат да ги прашуваат , додека пак други без комплекси знаат да откријат колку наполниле.

Водителката на „Брза кујна“, Сања Савеска на 23.06 имаше убав повод за славење“, објави во една прилика Вистина.мк

Имено, таа го прослави својот роденден, а на нејзиниот Фејсбук профил осамнаа бројни честитки и пораки со убави желби.

Сања е од оние ретките која нема намера да сокрие дека е во петатта деценија од животот, ниту да ги сокрие годините.

По тој повод, Савеска напиша: „Годините не значат ништо,тие се само бројка! Важен е мирот,среќата и радоста кои ги носиме во срцата и пријателите со кои ги споделуваме.

Но најважно е без оглед на се, низ годините да чекориме храбро и со насмевка. Бидете ми сите живи и здрави и едно огромно благодарам за искрените и убави честитки П.С.

Пред 1 има 4 ,не ги кријам, си ги сакам, мои си се сите ,полни 41“ напиша таа покрај фотографијата на која позира со роденденска торта, а ова беше во 2021 година.

Значи дека, нашата убава водителка, во јуни оваа година ќе наполни 43 години а изгледа доста помлада- што е право, право е.

– Обожавам да поминувам време готвејќи, ме смирува, релаксира и инспирира . Благодарение на моите родители научена сум од мала да ги завршувам домашните обврски сама, па така и доста мала научив и да си направам јадење.

Сакам да готвам и да пробувам нови рецепти, но ги сакам и традиционалните јадења. А дали сум добар готвач ? Досега никој не се пожалил на стомак, а и ништо не останало недојадено.

Снимањата течеа со навистина интензивно темпо, се снимаа по 3 емисии дневно, речиси секој работен ден.

Првите неколку дена ми беа малку потешки ,бидејќи требаше да ја фатам и јас минутажата и да го совладам брзото темпо на шефовите.

Но навистина многу бргу се вклопивме тројцата па секое следно снимање ми беше полесно, додека сега веќе и не чуствувам дека сум на работа, едноставно уживам со целиот тим кој работи на овој проект но и со нашите драги натпреварувачи.

Одвреме навреме , кога бев слободна знаев да се закачам на некој рецепт на шефовите , и тогаш им се воодушевував на умешноста и брзината„, изјвила Сања во едно интервју за Женски магазин.

Сања во новото издание на „Брза кујна“, на своите шефови Никола и Боби им рече дека многу ѝ недостасувале за викенд и дека нивните совети добро би ѝ дошле во кујната.

-Па, побарај не, Никола, Боби, како треба ова или ова- ѝ рече Никола на Сања, а потоа и двајцата кажаа: Ајде, ти имаш повеќе идеи од нас, а Сања на ова одговори.

-Вие сте недостапни за викенд. Ви се јавуваат ли, ви пишуваат ли луѓе? А на ова Никола рече: Ни се случува да ни го сликаат месето и да не прашаат: Сега како да го направиме?

-А јас кога ќе им одговрам, велам: Ќе дојдам кај вас заедно да го направиме месото“- рече Боби, а Никола потоа им се извини на гледачите:

Извинете што не можеме да вратиме на сите пораки, за викенд сакаме да бидеме со фамилиите.“