Маја Саздановска ја паметиме како една од трите слатки девојчиња што ја отпеаја песната „Во светот на бајките“. Маја тогаш беше десетгодишно девојче.
Саздановска беше актуелна на македонската поп-сцена со хитовите „Ти си мојот виртуелен г рев“, „Фидбек“, и во 2000-те беше една од омилените домашни пејачки со специфичен глас и харизматична појава.
Во една пеилика, За „Слободен печат“, Маја открила неколку интересни нешта за себе, но и како се доживува себеси во музичкиот етер низ годините.
– Веќе шест години сум во Националната опера и балет, како организатор во операта и директен играч во целокупната подготовка на една оперска продукција.
Не на сцената, но до првата проба на севкупниот ансамбл – будно ги следам и активно учествувам во ткаењето на една оперска приказна – од нејзината идеја до реализација.
Ме прави среќна, ме исполнува и уживам во работата. Кога ќе се сетам на своите почетоци, сега можам слободно да прославам 33 години музичка кариера.
Имав шест години и татко ми пред снимање ми даде да се напијам малку „кока-кола“, а веќе при првите обиди на снимање во големото студио во Македонското радио, двајцата бевме искарани од продуцентот Славе Димитров дека тоа многу му наштетило на мојот глас!
Се мислам дали да бидам нескромна и да кажам дека тогаш се чувствувавме како вистински музичари, кои градат стабилна и издржана кариера, а за сето тоа потврда даваше публиката, верна и непристрасна.
Дали бевме сите жедни за уметноста и немавме граници, дали нашата искреност беше признена уште на самите почетоци, времето ќе сведочи, но правевме музика која ќе трае и тоа ни беше најбитно“, изјавила Маја.
Таа е сега дел од групата придружни вокали на Калиопи. Во Слободен печат, Маја ја прашале: Како е да се соработува со музичар од светски „ков“, а таа рекла:
– Би започнала да го одговарам ова прашање со набројување: привилегија, благослов, професионалност, семејство, љубов, почит, уметност, третман… не можам да застанам!
Тоа е магичен свет, морам да споменам дека Калиопи е југословенска ѕвезда, која сѐ уште го ужива истото внимание и третман од публиката, пречекувана и сакана со сите почести.
И верувајте, за времето во кое живее и затвореноста на нашата држава, ние сме благословени што ја имаме можноста и честа да ја делиме сцената и нејзинот свет со неа“, изјавила Саздановска.
Таа, како што напишавме погоре заедно со Јуле е редовен придружен вокал на Калиопи насекаде низ регионот, а како стручен соработник-организатор во операта, музиката е и понатаму нејзиниот живот.
А и логично е кога потекнува од музичко семејство, Славе Димитров и Виолета Томовска се само еден дел од него“, обајви Женски магазин во една прилика за Маја.
Таа изгледа сега топ, и симнала доста колиграми, а во интервју за истипт медиум, објасни и како тоа ѝ успеало: „Искрено за прв пат во животот, килограмите не ми се важни, не беа мотивација, ниту пак крајна цел.
Само еден ден станав и почнав да вежбам, на почеток трагајќи поконкретно низ различни физички активности, дури да најдам што ќе ми одговара мене и на мојот начин на живот и работа.
И тој процес беше забавен и мотивирачки, што ми помогна да сфатам колку е битна мотивација. Точно веке не ни знам колку килограми се, бидејќи тоа не ме интересира, јас сум премерувана цел живот и вага на пример дома немам, но според облеката се повеќе од 15-тина килограми.
– Јас сè уште вежбам со истиот интензитет од самиот почеток, мотивирана и со мали цели кои си ги остварувам секогаш кога ќе си замислам дека треба и дека можам.
Уживам во сопствената трансформација која ја гледам за првпат, и сето тоа е доволна мотивација за одржување и целокупниот процес да е спокоен и да тече.
Најважно ми е што сето ова не ми прави никакво отстапување од секојдневниот начин на живот и она што сум јас во суштина, затоа и е прекрасно“- изјавила Саздановска.
Нејзината ќерка има Срна има 10 години, таа е сега 5 одделение. “Таа е едно толку забавно дете, полно со автентичен хумор, снаодлива и премногу паметна. Таа е мојата мотивација за сè во животот и моја најголема среќа“, рекла Маја за ќерката.
Иако приватно, последнава деценија не живееше во бајка, откако ненадејно го загуби сопругот кога Срна беше бебе, Маја вели дека нејзината девиза е да гледа само напред.
Сопругот Саша се упокоил ненадејно, а Маја во една прилика ја отвори душата на таа тема:
-Тоа што го изгубив сопругот направи да гледам поинаку на животот. Можеби тоа беше неговата мисија, да ме научи дека љубовта е нешто повеќе од ова земско задоволство и благодарна сум што го имав Саша барем и толку малку колку што беше со нас.
Дека таа производ на нешто како што е Срна, но да сме живи и здрави. Тоа е тоа, срна е веќе доволно голема, и многу работи ѝ се јасни. Се уште има време и моменти кога се лута.
Срна е негова копија, се наследила од татка си. Ѝ раскажувам за него, но тука е и свекрва ми, која е трезорот на сите сеќавања за Саша и која ги споделува приказните со Срна“, вели Маја.
– Патот беше турбу лентен, на момети премногу тежок, но со поддршката од семејството , нивното разбирање и неизмерна љубов, еве нè!“, рекла Маја во Женски магаизн и додала:
Секој ден е предизвик, секој ден е борба со сам себе, претпоставувам дека тоа е така и кај оние кои имаат и по двајца родители во својата приказна, но – многу жалење на никому не му донело ништо добро.
Јас имам една девиза, а таа е патот е само право, назад не се вртиме, чекориме гордо и истрајно на својот сопствен пат“, изјавила Маја која сега пак се смее поради својата ќерка, а изјавила и дека е подготвена пак да сака.