Naslovna Zivot Лидија Кочовска отворено прозборе за бракот и за нејзиното здравје

Лидија Кочовска отворено прозборе за бракот и за нејзиното здравје

Лидија Кочовска, сестрата на Тања Кочовсска е одамна во музичките води. Таа сега пее во Македонската опера и балет, тоест работи таму- во хорот на оваа инстутуција.

Но, Лидија се почето одржува и настапи поврзани со онаа музика и оние песни кои на луѓето им се поблиски, а тоа е популарнаата музика која со која Кочовска долги години се занимава.

– Од половината на осумдесетите па до 2000 година, беше идеален период. Бев присутна речиси на сите фестивали во тогашна Југославија и по распадот.

Фестивалите беа причина за дружба, сите бевме едно, владееше љубов. Живеевме за денот кога ќе започнат и со нетрпение го очекувавме секој нареден фестивал.

Нема споредба со денес! Тоа беше златно време“, рече Лидија во едно претходно инрервју за Женски магазин, а потоа додаде:

-Се е за мр ено. Нема веќе фестивали, манифестации, емисии како порано.

Прифатив учество на “Макфест” 2014 година, за цена на онаа љубов која ја имав, како моја матична сцена, фестивал кој бил познат и признаен на бившите југословенски простори“.

Со голема бо лка поради тоа што мајка ѝ не е физички присутна до неа, но и со голема гордост што пее токму за неа..

Лидија Кочовска одржа емотивен и многу успешен концерт во Тетарот за деца и младинци во Скопје, посветен на големата пејачка на „Мањифико“, Невена Кочовска.

Најубавиот и најтоплиот момент беше на крајот, кога и нејзиниот татко, легендата Панче Кочовски, заедно со сестра ѝ Тања Кочовска, излегоа на сцена заедно со Лидија, за да ја испеат „Мама Хуанита“.

Ова е една од песните која го одбележа професионалниот пат на нашите, а светски познати „Мањифико“, и песна која е лично важна за љубовта на Невена и Панче, и воопшто за целото семејство Кочовски, напиша истиот медиум минатата година во ноември.

А инаку, Невена, мајката на Тања и на Лидија се упокои во август минатата година.

– Од една страна, бол ка што мајка ми не е присутна физички меѓу нас, од друга страна чувствував гордост и среќа што го правам ова токму за неа и знам, го чувствував нејзиното присуство и поддршка, беше тука, со нас.

Мислам дека кај сите владееа такви емоции, плач евме, се смеевме, игравме, пеевме. Мене ме одржува во живот токму таа помисла, мајка ми би била најсреќна да сме јас, Тања и татко ми секогаш насмеани и среќни“, вели Лидија.

А таа во едно инрервју се има отворено за својата здравствена состојба, а има зборувано исто и за бракот. Лидија многу одамна беше мажена, и живееше во Хрватска.

-Имав здравствени проблеми, но по сите испитувања овие години, се потврди дека стресот е главен причинител за речиси сите бол ести кај многу луѓе, а таква беше ситуацијата и кај мене.

Фала му на Бога, откако се потврди вистинската дијагноза, со соодветна терапија, сега се чувствувам многу подобро.

По моето кусо брачно искуство, сфатив дека потписот не значи буквално ништо. Би живеела и во вонбрачна заедница, како што живее и половина западен свет, но најважно е човекот до мене да е мој лојален партнер.

Љубовта и поддршката се клучниот момент во остварувањето и во опстојување на вистинската релација.

Јас сум секогаш вљубена и кога не постои одредена личност. Ако не е реална, тогаш мора да е имагинарна- има изјавено Лидија.