Naslovna Zivot Јордан Митев се огласи на Прочка: Не сум ги спакувал куферите и...

Јордан Митев се огласи на Прочка: Не сум ги спакувал куферите и никаде не сум заминал

Јордан Митев, не само што е еден од најпопуларните наши фолкери, туку е и човек кого публиката го сака и никој за него нема лош збор!

-Кога објавив дека мојата избраничка е од Австралија,често ми го поставуваа прашањето дали сега ќе заминам таму.

Тоа е разбирливо, бидејќи знаеме каков е животот во Австралија, земја која спаѓа меѓу оние со највисок стандард во светот. Но,знаете како, не е се само во стандардот.

Животот не е само во тоа колкава плата земаш, каква кола возиш… Животот и среќата се многу многу повеќе од материјалното! И јас, како и повеќето во Македонија, сум бил често пати разочаран од многу работи овде.

Но,на крајот од краишатата, ова е моја земја, овде е се што имам . Јас ја сакам мојата татковина со сите недостатоци бидејќи овде е мојот корен,стебло и гранки.

Можеби така размислувам бидејќи не сум научен на некојси раскош и луксуз. Пораснав во многу многу скромни услови,знам што значи да си некаде на дното и затоа сега со се што имам сум среќен и задоволен.

Меѓу другото , мојата кариера се движи по добар пат и се надевам дека така ќе остане уште многу години. Затоа , јас со мојата сопруга останувам овде.

За среќа , таа има разбирање и се надевам така ќе остане“, кажал Митев во едно свое неодамнешно интервју.

Јордан Митев денес, на својот профил на социјалните мрежи се прости со своите фанови и блиски, но и разјасни некои дилеми, кои медиумите периодов ги пишваа за него:

„Уште едно ново утро, добро утро почитувани фанови! Денес е убав ден, Прочка, ден кога може да си простиме еден на друг.

Секогаш сум да се просте, затоа што човечки е да се згреши, но доколку има вистинско покајание и доколку грешката не е свесна и намерна.

Доколку нема вистинско покајание и доколку грешката е со умисла и лоша намера, тогаш простете толку колку што нема да носите гнев и тежина во душата, и не заборавајте!

Затоа јас во оваа прилика ви велам, простете доколку во изминатите 365 дена сум згрешил!

Често ми пишувавте во изминативе 2 недели, зошто сум заминал од Македонија. Почитувани, не сум никаде заминал, и не сум ги спакувал куферите за да заминам од Македонија.

Само бев на кратко до Австралија. Тоа што порталите си ги пренесуваат вестите на свој начин е друга работа.

Поздрав од моето село Подареш. Кога сум кај селото во изминативе денови видов и прочитав дека сеуште има луѓе кои што прават разлика помеѓу село и град, човек од село и човек од град.

Многу жално, во овој мал, брз и глобален свет да правиш разлика помеѓу село и град, треба да си тежок ропак и големо сељачиште.

Јас сум од таму каде што сум, и сум горд на моето потекло бидејќи Господ ме дал таму, колку и да има маани, од овде е мојот корен.

Часовникот почнува од 12:00ч (00:00) прави цел круг, и пак се враќа на почетокот. Бидете како часовникот, бидејќи тоа е вистинско родљубие и патриотизам, се друго е ветар и магла.

Повелете на кафе, а за кратко ќе биде готов и качамакот со матеница! Убав ден и за многу години!“ – напиша во својот денешен статус популарниот пејач на народни песни.