Naslovna Zivot Спенџарска налутено распали во коментар: Ниту ќе се мажам, ниту заминувам од...

Спенџарска налутено распали во коментар: Ниту ќе се мажам, ниту заминувам од новинарството

Многу популарната ТВ водителка, Јелена Спенџарска е особено актуелна во последните неколку месеци, поради љубовта која и се случува.

Спенџарска приватно ја сака модата, уличниот стил и се она што се поврзува со модната естетика и креативност“, објави Фешнел во една прилика.

Со водителката и инфлуенсерка од ТВ Канал5 поразговарале за тоа како ги поминува топлите летни денови, а таа ги открила омилените стилски комбинации и ставови.

-Неколку дена пред одмор знам да анализирам што точно ми треба пред да тргнам во пазарење. Секоја година купувам по неколку чифта бикини и никогаш не тргнувам без многу марами, шешири, очила за сонце, апостолки и рамни сандали.

А што се однесува на гардеробата секогаш на одмор практикувам да носам кежуал облека како долги здолништа и фустанчиња, кратки џинс панталончиња, неколку кафтани и маички.

Не преферирам накит на плажа, но затоа секогаш носам добра книга и неколку модни магазни“ изјавила Јелена за својот моден стил, а потоа додала:

Најважно од се е како се носи облеката, а не обратно. Таа најмногу зборува за Вас и кога молчите.

Најголем комплимент за мене е кога девојки ќе искоментираат дека одлично изгледам, а комплимет од девојка е секако посладок од оној на момците, барем за мене.

Но, и јас сум од оние девојки што се жалат дека немаат што да облечат, сепак кога ќе подразмислам подобро, проблемот никогаш не е во немањето гардероба, туку недостиг на инспирација.

Јелена беше гостинка во емисијата „Нешто конкретно“ која ја води Снеже Велков и таму зборуваше на интересни теми. Јелена зборуваше во однос на воспитувањето на ќерките порано и сега.

Рече дека таа ја гледала нејзината мајка, и уште од мала решила дека не сака да биде класична домаќинка. „Не знам да готвам традиционални јадења.

Повеќе знам некои модерно, брзи. Сега кога бев во Грција научив да правам еден брз рецепт, ќе ти го направам“; рече Јелена, а потоа додаде: Не сакам да му роб-увам на мажот“.

Снеже Велков постојано ја потпрашуваше за нејзината врска со дечкото од Грција, а еднаш на шега ѝ рече: Децата што ќе бидат солунчиња или беровчанчиња?

На ова, Јелена која е инаку по потекло од Берово одговори: Не сум размислувала на таа тема, ама ќе најдеме некоја средина“.

За првпат јавно, за „Слободен печат“, Јелена открива како го запознала Лукас, нејзиниот дечко од Солун, и детално го опишува моментот кога во себе си рекла: „Ова е човекот“.

Јелена открива и уште нешто што досега не го кажала јавно, а тоа е дека следниот месец си заминува од Скопје, и го раскажала ова во детали.

-Го запознав Лукас КОГА НЕ ГО БАРАВ и кога НАЈМАЛКУ ОЧЕКУВАВ. Сериозно. Оваа година воопшто немав време да мислам на партнер.

Еден таков ден кога лежев на плажа во Грција, бев сама, го гледав зајдисонцето и точно како вчера да беше.. два часа подоцна запознав човек за кој, во тој момент, не бев ни свесна дека ќе го промени целиот тек на мојот живот.

-Среќа што не сме многу далеку, сепак е место за кое не ти треба авионски билет, па сега-засега функционираме нормално. Но, веќе некое време размислувавме на оваа тема, и двајцата донесовме одлука дека најдобро е јас да се преселам таму.

Сепак е поголем град, повеќе можности, повисоки температури и јас сум спремна за нови предизвици, така што ете, нешто што првпат го објавувам јавно, во март се селам во Солун – открила водителката.

Сега-засега, таа и Лукас немаат планови за брак, повеќе се фокусирани на заедничкиот живот, пишува во овој текст.

Информацијата од Слободен печат, на порталот Вечер, ја пренесе и познатиот естраден новинар, Дуле Мичиќ.

Неговиот заклучок во текстот, но и насловот, е дека Спенџарска ќе се збогува со новинарството, бидејќи ќе се омажи, на што, во коментар, остро реагираше ТВ водителката:

„Дуле,со секоја почит ама насловот ти е цел ПОГРЕШЕН. Нити заминувам од новинарството, нити ќе се мажам. Нареден пат побарај ме за точни информации. Поздрав!“