Пејачот Зоран Ванев кој сега живее во Швајцарија, во една прилика за „Фокус“, изјави дека воопшто не жали што микрофонот го заменил за белиот лекарски мантил.
Пеел само на одредени и професионално организирани настани, бидејќи отсекогаш сакал да им помага на луѓето.
-Мојата ординација се наоѓа на самата железничка станица во Шлирен – Цирих, Швајцарија.
Дипломирав на Парацелсус Академијата за Алтернативна медицина во Цирих, и сум првиот Македонец во Швајцарија кој ја има титулата Доктор за природна медицина, која е призната во целиот свет.
Како и во сите установи на државно ниво во Швајцарија, за која секој пациент кој во здравственото осигурување има Алтернативна медицина, му се враќаат парите назад во согласност со процентуалноста која ја има склучено во самото здравствено осигурување.
Воедно мојата фирма е и сертифицирана за здравствени осигурувања, така да во секоја смисла компетентноста ја имам во целост’’ – раскажа Ванев, во разговор за „Фокус“ пред две години.
Едноставно, за да имате ефикасно лекување потребно е целосно испитување на човекот со сите потребни анамнези и анализи.
Тоа значи во мојата клиника најпрвин се земаат сите податоци на клиентот до денешен ден, со какви се бол ести имал контакт досега, какви се лекови има примано, дали има фамилијарни здравствени или пси хички или било какви проблеми, па и финансиски.
Околу отворање на негова клиника во Македонија, појаснува зошто тоа нема да се случи во блиска иднина.
-Имам голема желба да отворам клиника во Македонија, меѓутоа засега тоа е невозможно.
Не од причина што немам доволно време, туку од причина што здравствениот систем во Македонија не оди во правец на задоволување на пациентот, туку повеќе оди во правец на економија која ги погазува сите човечки вредности на квалитетен живот.
Не случајно го зборувм ова, затоа што на оваа тема аргументирано и стручно можеме да дебатираме, но за тоа ќе треба друго интервју и многу поголем простор, рече тогаш за Фокус Ванев.
Народот го засака откако ја испеа познатата „Ангела, Ангела“, која и денес се пее на сите веселби, кај нас и во целата дијаспора.
Ванев во едно интервју зборуваше токму за песните кои како што рече го вивнале во музичкото небо.
Освен во Македонија, тој градеше кариера и во Србија, и така за него дозна и публиката од целиот Балкан.
-Од македонските песни ќе ја издвојам Ангела која беше вистински бум, песна која ме подигна во небото, тогаш уште кога бев дечко од 21-22 години. После тоа дојде Ако бевме заедно, Душо моја жал ми е…
Има доста добри песни кои што можеби треба еден ден да ги обновам, а од Интернационалната музика Јужна пруга, остави голема трага и до ден денес се пушта низ цел свет каде што се слуша балканска музика.
Каде и да одам луѓето до ден денес ги пеат, тоа е навистина еден печат на еден пејач дека знае да одбере и отпее песна.-истакна познатиот пејач, за гледачите на ИН ТВ.
Ванев на Фејсбук минатата година објави фотографии кои ги нарече: „Доме, сладок доме“. Нашиот пејач по долги години во Швајцарија, се вратил во Македонија, и тоа во својот роден град, Штип.
Според сликите што ги објавил, тој како да е во некое летуалиште, а не во Штип. Ванев се разладува во луксузна куќа, крај базен и се гледа дека доста вложил во својот дом и сега ужива во него.
Зоран Ванев сега доста успешно настапува. Имаше турнеја во Австралија од каде што објавуваше слики, па потоа сними и нова песна, а таа е на срспки јазик и се вика „Кафане“.
Новата песна, Зоран ја шернал на Фејсбук кај него и напишал НОВО, НОВО, НОВО 2023. По се изгледа дека на Ванев му фалела песната, па откако долги годии беше посветен на својата прдинација, сега почна пак да пее.
Но, тој се уште си го тера и дрѕгиот бизнис, и пеењето, што би рекле- нека капе од секаде. Па, останува да видиме која од двете приказни ќе ја избере нашиот пејач?
Медицинската во Швајцарија или пак музичката, низ Балканот и во дијаспората. Или можеби, успешно ќе продолжи да ги тера и двете.