Naslovna Magazin Останал без татко како многу млад, сам се борел во животот- Драган...

Останал без татко како многу млад, сам се борел во животот- Драган Бјелогрлиќ има тажна животна приказна

Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ е сакан во родниот град, а не ги заборавил ниту неговите блиски од Баранда, селото во Војводина од каде што потекнува.

Таму е секое лето, а нема комшија на која не му дал барем мала улога во некој од неговите филмови.

Таму најмногу време поминува познатиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ, родум од Баранда, а неговите соседи со задоволство зборуваа за него и неговото семејство.

„Го познавам од детството, секогаш беше многу убаво момче. Драган е пожив и поенергичен, Горан беше некако помирен во текот на детството. Иако и двајцата сакаат да се шегуваат со луѓе.

Нивната мајка беше многу фина и чесна жена. На лето секогаш беше тука во селото, а штом почнуваше зимата замина за Белград. Тие се прекрасни комшии!

На Велигден мајка им Нада бојадисуваше јајца и носеше подароци за моите внуци“, рече своевремено една сосетка, а се присети и дека Бјела го загубил татко му Томислав на 18 години и дека оттогаш се мачел сам да успее во животот.

Дедо им бил ковач, дуќанот му бил кај што е куќата… А Драган и Горан биле момчиња кога го изгубиле татко им. После тоа, тие се бореа сами низ животот за да успеат.

Нивната мајка Нада секогаш се борела да го имаат најдоброто, а самиот Драган се трудел да успее и да се школува. Не е лесно за децата кои ќе изгубат еден родител да продолжат да се борат, но сепак успеаја.

Колку и да им беше тешко да пораснат без татко, тоа никогаш не го покажаа, туку секогаш се трудеа да бидат подобри.

Се сеќавам кога доаѓаше овде на одмор, никогаш не покажуваше колку му е тешко, но постојано учеше и се бореше да преживее во големиот град.

На ниту еден од нив не им беше лесно, знаеш како е кога доаѓаш од мало место и се трудиш да си го најдеш патот низ градот. Секоја чест за нив што се успешни во животот“, вели првиот сосед за Бјела и за брат му Горан.

„За жал, татко ми се упокои кога јас требаше да матурирам. Еден од последните разговори на кои се сеќавам со него додека лежеше во кревет беше токму тоа дека треба да се занимавам со сериозни работи во животот.

Тоа потсвесно влијаеше на мојот избор на професија. И во моментот кога студирав градежништво, иако добро ми оди, сфатив дека тоа не е за мене.

Имаше вознемиреност од страна мајка ми и брат ми, но тие немаа отпор на таа одлука. Што ако татко ми останеше жив, јас не го знам тоа, но мислам дека и со него немаше да има проблем“, велеше Бјела.

А баба Меланија од Баранда еднаш раскажа дека нејзиниот прв сосед ја ангажирал да глуми во дури три негови филмови.

„Глумев во дури три негови филма, за секој од нив однапред ме плати. Многу ми е мило што ја прослави Баранда, за нашето село се слушаше надалеку. Ми се јави братучетка ми од Скопје, ми рече те видов на телевизија, во филм“.

„Во текот на летото тој играше фудбал по цел ден, излегуваше во кафана со другарите и убаво се забавуваше. Сакаше да поминува време во кафеани, тоа го знаат сите во селото.

Девојките секогаш го бркаче затоа што бил момче кој доаѓал од град, и потоа сакале да се оженат со него. Подоцна кога се прославил многумина сакале да бидат со него за да им дозволи да глумат во филм..

Сакале да имаат филмса кариера по секоја цена“, вели пријател од детството.

„Секогаш беше позитивен како дете, полн со енергија и постојано се трудеше да тргне по нешто повеќе. Мислам дека се уште не го достигнал својот врв, уште неколку филмови кои ќе бидат подобри и мислам дека ќе дојде голема слава.

Тој допрва треба уште повеќе да ја воодушеви Србија и нејзината околина“, кажал пријател на Бјела, а оваа приказна за него ја објави stil.kurir.rs