Naslovna Zivot Нашата водителка го прошета светот, сега е во Скопје, и се сликаше...

Нашата водителка го прошета светот, сега е во Скопје, и се сликаше до претседателот Пендаровски

Кога велат дека жените се како виното, колку повозрасни, толку позгодни, очигледно мислат на атрактивната водителка…

Многумина викаат дека оваа водителка е нашата најшетана јавна личност. Нема каде не била и не правела репортажа и тоа го прикажала во емисијата Нешто незадолжително.

Станува збор за Берта Додевска, за која веќе има и позитивни шеги во смисла: Шетан сум како Берта Додевска. А таа беше насекаде низ светот и ужоваше во сите патувања.

Берта го има и прошетано светот, таа е позната по своите репортажи со кои сите плакнеа очи. А за плакнење очи е и нејзиниот изглед.

Доказ дека годините може да бидат само бројка e познатата водителка, објави Еспресо.мк. Таа и во петтата деценија од својот живот може без никаков проблем да објавува фотографии на кои позира како да е модел.

Нејзиниот профил на Инстаграм е вистински празник за очи. Покрај тоа што може да видите фотографии од најразлични краеви на светот, ќе имате можност да ја видите Берта и во најразлични модни креации за на плажа и за прошетка.

Таа раскажа дека прво работела на радио, па после и се укажала пшанса за на телевизија.

„Само знаев дека не сакав да седам со некого, и да има жолто сокче помеѓу, и тоа да биде студио.

Првата идеја беше- ајде да не правиме нешто толку типично, ајде да направиме интервју на некои вонредно место. И првата емисија, во 1996 година, беше Воја Брајовиќ во еден мерцедес, наш семеен мерцеде, 5 метри и 30.

Воја Брајовиќ и јас на задно седиште, снимателот напред застанат, изваден наслоњач, тој не снима и ние возиме од Скопје до Табановце.

И се случи во првите 5-6 месеци, емисијата веднаш стана независна, „Нешто незадолжитено“, поглупав наслов не можев да смислам.

Морам да го кажам вака, значи нај страшно нешто, толку глупав наслов, што сите го памтат. Сега е само „Незадолжително“, и не можам да се откачам од насловот, сите го каживаат уште тоа „Нешто незадолжително“.

Тоа е вториот независен проект во независна Македонија. Првиот е К-15“, рече тогаш Берта. Таа сега веќе послабо патува во странство, а на Фејсбук од време на време знае да се појави со некоја убава слика од егзотична плажа, но и шеговит коментар.

Берта често знае го промовира македонскиот туризам. Имено, таа ужива во Негорските бањи, а на нејзиниот Фејсбук профил има напишано: Педесетте нијански на македонскиот дијамант. Термални води во вашиот двор.

До неа во џакузито е стилистот Сретен Костиќ, кој ѝ правел друштво на ова патување.

Берта Додевска знае како да ужива во животот, а во една прилика изненади кога објави слика од шума. Обично на ова место во природа се оди спортски облечен, а Берта се сликаше со палто, ведра и освежена.

Берта во описот на фотографијата на англиски себеси се опиша на овој начин:

„Трикот е да не им дозволите на луѓето да знаат колку сте чудни.. додека не биде предоцна, да се повлечат,“ напиша Берта, додека во коментар и напишаа дека секој е чуден на свој начин.

Сега, таа насмеана се сликала со претседателот Стево Пендаровски, а била на изложба. По повод јубилејот 55-години Светска галерија на карикатури во Националната галерија „Чифте амам“ во Скопје се отворени изложбите од 54-тата Галерија „Скопје 2022“.

Станува збор за изложбите на „Остен биеналето на цртеж Скопје 2023“ и „Остен Арт фестивалот Скопје.

Претседателот Стево Пендаровски сношти присуствувал и се обратил на отворањето на изложбата, а во оваа прилика, со него се фотографирала Берта.