Naslovna Zivot Најемотивната исповед на Сузана Турунџиева- 40 дена носев бела бунда мислејќи дека...

Најемотивната исповед на Сузана Турунџиева- 40 дена носев бела бунда мислејќи дека ќе се врати…

Сузана Турунџиева е жена која поминала низ многу нешта во животот. Таа ненадејно го загуби својот брат кој исчезна во Канада, и за неговото заминување никогаш не се дозна.

Потоа, го загу својот сопруг Маријан, кој е татко на нејзината помала ќерка Матеа, а неодмна се упкои и неговата мајка. Сузана многу сака да пишува.

Има издадено неколку книги, а во интервју за Хибрид, таа го раскажала своот живот, и кажала како понлата да пишува и ја раскажала својата најемотина исповед досега.

– Првата книга “Куфер со соништа” ми е издадена во 2007 година . Оваа книга беше поттикната од еден мој сон кој го сонував во годините додека ми се редеа прашалниците ‘зошто на брат ми мораше тоа да му се случи, зошто некои работи морале така да завршат…’

Никогаш не најдовме одговори кои ќе ни дадат објаснување зошто, кога му се случи сето тоа. И во еден сон се видов себеси како пишувам книга и како давам одговори на некои прашања.

Всушност, сонот го протолкував лично, а тоа беше дека јас морам да извадам нешто на хартија, да не трпам и да не потиснувам повеќе ништо во себе, затоа што сум човек кој длабоко во себе собира многу.

Се до еден момент додека не се почувствувам толку преполнета, што нема да знам каде да ја извадам целата моја тага. Така почнав да пишувам.

“Куфер со соништа” ми дојде сосема ненадејно како наслов, некаде на средина на книгата. Инаку работниот наслов на овој роман беше “Моите 20 години во Скопје”.

Се сетив дека ‘87ма ја напуштив Битола и тоа беше почетокот на 2007 година кога јас ги заокружував 20-те години живот во Скопје, односно 20 години живот без Битола.

Никогаш не ја прежалив и никогаш не ја чувствував само како место во кое сум се родила и живеела до моја 18-та година. Кога сфатив како ја напуштив Битола и како ме пречека Скопје, тоа беше моментот кој реши.

Скопје ме пречека во пол ициска стан ица. Така и почнува книгата.

Јас ја напуштам Битола, со срце полно гру тки и солзи, глетката кога возот се оддалечува од станицата, а мене мислам дека целиот свет ми се преврти наопаку во еден миг.

Паметам дека патот беше тежок и напорен, а така го опишува и на самите почетоци. Заради недоразбирање со кондуктерот, кому исто така не му беше денот(се смее),мојата цимерка и јас од воз завршувамe во станицата кај железничката станица.

Моите први три часа во Скопје јас ги поминав таму. Тоа беше доволна причина за мене да почнам да го запишувам моето патешествие, како ме пречека големиот град, за кој јас имав толку големи соништа, толку големи планови и мечти.

Дел од тие соништа оставарив, а дел останаа во куферот. Така настана насловот. Сите мои неодживеани и неисполнети соништа за кои јас мечтаев како дете, се гледав на голема сцена, живеев за тој аплауз.

Никогаш не ми беше срам да пеам, мене ми беше срам да зборувам. Најбо лниот и најтешкиот период кој го пишував е моментот кога исчезна брат ми.

Тоа беа пек-олни 40 дена во кои не знаев дали живеам, дали постојам, меѓутоа цело време во тие 40 дена носев на себе една бела бунда, со надеж дека ќе се разреши сето тоа убаво.

Но, не се разреши убаво, стигна нај страшн ата вест. Таа ситуација сакав да ја опишам поедноставно односно да не ги забележам сите тешки моменти кои ги преживував, мислам дека донекаде успеав.

Сакав да ја поштедам мојата мајка затоа што таа ја преживеа сепак најголемата болка.

Кога пишуваш првпат за такви ситуации никогаш не знаеш што е исправно, дали со пет збора да удриш многу силно или со 1000 зборови да удираш полека“, изјавила Сузана.