Naslovna Zivot Јасмин откри во која ситуација, Гавазова нема кај да му бега (ФОТО)

Јасмин откри во која ситуација, Гавазова нема кај да му бега (ФОТО)

Сузана Гавазова, во времето кога и официјално му стана сопруга на избраникот Јасмин, велеше: “Го живеам својот сон, сè што си зацртав ми се исполни.

Оттогаш поминаа девет години, а Гавазова евоцираше спомени од времето кога официјално стана мажена жена на социјалните мрежи“, а ова го објави Вистина.мк.

Венчавката и граѓанскиот брак се случија во Шведска каде Јасмин, а подоцна и таа живееја до пред неколку години.

Истата 2014 година, само во месец август направија и свадба во родната Струмица кај невестата, а беа поканети 400 гости.

Сега речиси деценија подоцна сонот на фолкерката само добива нова и поубава димензија. Кога се омажи беше бремена со ќерката Емили, а една година подоцна ја доби и помлата Селена.

-На овој датум јас и мојот сопруг Јасмин Курузовиќ стапивме официјално во брак. Нека ни е наздравје! – напиша фолкерката за споменот кој го објави на својот Инстаграм профил.

Семејството е најголемото богатство кое може да го има еден човек, а кога сите се на број, големината на тоа што го имаме е непроценлива.

Фолк пејачката Сузана Гавазова пред неколку години се врати од Шведска во родната Македонија и поблиску до членовите од потесното семејство.

Сега сите заедно во Струмица имаат повеќе заедничко време за да ги споделат сите нешта од животот. Еден таков убав повод беше јубилејниот роденден на мајката на Сузе.

Нејзината мајка Руса наполни 70 години и зачекори во осмата деценија од животот. Крајот на месец јануари во нивниот дом е резервиран за роденден, а и овој пат имаше и роденденска торта и свеќички со бројот на годините.

-Среќен роденден мајко моја! Да си ни жива и здрава, напиша пејачката на објавата каде баба Руса ја држи тортатата во рацете.

Инаку, Гавазова во секое време има што да понуди и добро знае како да ги изненади нејзините следбеници со нешто ново и интересно кога станува збор за нејзиниот стајлинг.

Гавазова ја започна годинава со настап во еден познат ресторан во нејзиниот роден град Струмица, во светкав фустан со реси, каде изгледаше како латино пејачка.

А инаку, кога Сузана Гавазова славеше роденден, на нејзиното стори на социјалната мрежа Инстаграм, доби многу леститки, па им се израдува, заблагодарувајќи им се на сите по ред.

Кон честитките се придружи и голем дел од дијаспората, како и нејзината пријателка, некогашната македонска водителка, Хелена Роза која живее и работи во Нов Зеланд, објави Вистина.

А не изостана и честитката од атрактивната кумановка Сани Гроздановска која со заедничка фотографија и го честиташе роденденот на колешката.

Инаку, Јасмин и Сузана важат за еден од најсреќните парови во јавноста кај нас, и тоа и го покажуваат со објавите на социјалните мрежи. Љубовна слика објавија и скоро, и тоа во лифт.

Сузана ја има објавено оваа слика со својот сакан, ама и Јасмин, и до неа напишал оригинален коментар:

Најмногу сакам кога ќе се заглавиме во лифт. Не може никаде да избега“, стои во објавата на Јасмин Курузовиќ.