– Покрај тоа што мојот двигател во животот се моите најблиски, мајка ми, сестра ми и мојата внука Делфина и, секако, во најблиски спаѓаат и моите пријатели кои ми се голема мотивација и поддршка, сепак, постојат и други нешта кои ме инспирираат и ме прават среќна.
Музиката е една од нив, која ме движи напред и како нејзин создател и како нејзин љубител“, изјави во едно интервју за betty.mk нашата убава пејачка, една од најдобрите на нашата естрада, музичката ѕвезда Елена Ристеска.
– Работата е таа која е дел од мене и без која се случува да западнам во депресија.
Од мои 16 години работам и заработувам сама, тоа се скоро 18 години создавање зависност од работа, или некој тоа го нарекува создавање воркохолик. Кога работам се чувствувам жива.
И, секако, кога најблиските ми се здрави, живи и среќни, тогаш и јас сум среќна“, кажала Елена во онтревју и додала за одрживањето ан својата форма и фигура:
– За жал, во периодов не сум многу физички активна, иако тоа не е својствено за мене. Поради ситуацијата во која се наоѓаме фитнес центрите свесно ги избегнувам, ретки ми се долгите тренинзи во домашна атмосфера поради недоволно мотивација.
А, пешачење или трчање не се опција за мене во услови на вакво загадување во нашиот град. Единствено правам по некоја јога вежба додека сум дома.
Така што останува да почекам подобри денови за сите нас, па да се вратам на мојата рутина а тоа е редовно вежбање: фитнес, јога, планинарење и понекогаш тенис.
-Клучна работа за одржување во форма на физичкото здравје е важноста да се сфати вежбањето како дел од секојдневните навики, како да речеме миење заби навечер и наутро, јадење, вршење физиолошки потреби итн.
Тоа се нешта без кои не можеме да функционираме, така и кога станува збор за вежбањето треба да заборавиме на сите изговори дека не можеме да го применуваме. Автоматски вежбањето влијае и на менталното здравје.
Сето тоа поткрепено со здрава и правилна исхрана креира еден совршен баланс за подобар живот. Секој од нас има свои навики, свои омилени спортови за поголема физичка активност, свои начини на ментална гимнастика.
Но, според мене клучен е и балансот помеѓу работата и одморот. Без тој баланс ниту физичкото ниту менталното здравје ќе биде во совршена форма. Според познатиот писател Ошо, работата е важен дел од нас, но тој вели:
-Секогаш одвојте макар еден ден во неделата посветен на одмор и на Бога. Ментална гимнастика за мојот ум е читањето книги и учењето јазици. Затоа балансот во сè е потребен.
Елена објави емотивен статус во кој ја кажува целата своја музичка, но и животна приказна, а таа вели вака:
-На овој ден, 22.12.2002 год. или точно 20 години откако “девојчето со чорапчињата” победи на аудицијата “М2 Потрага по ѕвезда” на М2 продукција,основана од Иво Јанкоски и Дарко Димитров.
На кои и ден денес сум им благодарна за шансата која ми ја дадоа да започнам своја музичка кариера и да може публиката да ме чуе и запознае. Од 2000 кандидати успеав да влезам во 100 те финалисти пеејќи песна од мојата драга другарка Каролина Гочева.
Потоа,бев една од 10те финалисти на финалето на М2, каде сите пеевме своја песна и каде победив со мојата прва песна “Она другото” (второто видео). Токму од тој момент мојот живот од анонимен стана јавен и целосно се промени.
Започнаа да се редат песни,спотови,албуми, концерти, насловни страни,интервјуа,тв и радио гостувања,настапи низ цела држава и пошироко,фестивали, Евровизија во 2006тата,турнеи низ светот итн.
И најдрагото нешто од сето тоа ми е што стекнав свои обожаватели, кои и ден денес се тука за мене.А благодарение на Бог кој ми го дал гласот,јас 20години за нив пеам и постојам.
Паметам и ден денес дека моите не знаеја дека сум пријавена на некаква аудиција, единствено сестра ми која ми е и ден денес најголема поддршка. Кога дознаа дека сум влегла во 100те полуфиналисти татко ми ми рече:
“Елена тој свет е подмолен и се’ е наместено, немој да се разочараш. ”Јас му одговорив: “Тато, само сакам да си докажам на себе си дека можам, не ми е важно ништо повеќе.
Кога победив моето семејство беше ш о-кирано, а нивното “малецко” успеа да докаже дека може.
Низ сите овие години, покрај сестра ми и татко ми кој ме поддржува од “таму некаде” мојата најдрага мајка Деса го посвети својот живот да ми помага во животот и кариерата, без која немаше да постигнам ништо.
Внука ми Делфи е мојот нов фан и се надевам дека ќе ме наследи еден ден. И после 20години, јас сум истата Елена, иако многу нешта се променија. Иста е мојата љубов кон ВАС и кон музиката.
ВЕ САКАМ“, напиша Елена на Инсаграм во ова емотивно обраќање и сподели неколку вредни спомени од нејзината 20. годишна кариера.
Денес, Елена Ристеска и го честиташе роденденот, на една од најзнначајните личности во нејзиниот живот, нејзината мајка!