Naslovna Vesti Брат Љубе доби ослободителна пресуда: Се повлекувам од политиката

Брат Љубе доби ослободителна пресуда: Се повлекувам од политиката

Љубе Бошкоски, поранешниот министер за внатрешни работи, поранешен истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, сега претседател на Обединети за Македонија и советник во Владата беше уапсен на 6 јуни 2011 година, пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања.

Во 2014 тој беше осуден на пет години затвор, а во 2016 година излезе од затворот во Идризово каде ја отслужуваше казната.

Европскиот суд за човекови права во 2020 година пресуди дека на Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење во однос на повикување и испитување на сведоци.

Во 2021 година, по барање на одбраната, судењето против Љубе Бошкоски за предметот „Кампања“ беше вратено на повторно судење.

„Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по барање на одбраната на Љ.Б. претходно осуден во предметот во јавноста познат како „Кампања”, го уважи барањето за повторно судење на предметот.

Претходно, за барањето за повторно судење, а согласно и пресудата на Судот за човекови права во Стразбур, добиено е позитивно милење од надлежниот јавен обвинител по што е уважено барањето, за кое странките не вложиле жалба пред Апелациониот суд и истото е веќе правосилно“, соопшти Кривичниот суд своевремено.

„По се што поминав овие 20 години, денес конечно сум слободен човек и сум можеби единствениот човек на балканските простори кој помина 11 години, што по домашните, што по меѓународните зат вори“, изјави по денешната ослободителна пресуда за случајот „Кампања“, лидерот на Обединети за Македонија и советник во Владата, Љубе Бошкоски.

Тој помина во за твор 5 години за овој случај кој се однесуваше на незаконско финансирање на изборна кампања, а од најголемиот затвор во државава излезе во 2016 година. Денес за предметот за кој беше во затвор доби ослободителна пресуда.

За тоа дали би се вратил во политиката Бошкоски вели дека еден период ќе се повлече од приватни причини.

„Сега во овој период ќе се повлечам од политиката од приватни причини. Политиката е тука, јас во политиката. Сè уште сум претседател на Обединети за Македонија, политичка партија која овој период беше изложена на медиумски ли нч.

Се надевам дека можам уште да придонесам за Македонија, посебно кога знам дека зад мене немам никаков товар што може да нè оптоварува мене и мојата политичка партија”, одговори Бошкоски, а пренесе порталот мкд.мк

Инаку Љубе Бошкоски е сопственик на ресторан во Хрватска, со кој успешно стопанисува повеќе од дваесет години.