Пред цели 15 години телевизијата „Канал 5“ имаше кастинг за девојки и момци, кои ќе бидат презентери на временската прогноза, јас бев препорака на Живкица и Дадар кај тогашната програмска директорка Весна Петрушевска-Бејби и така почна целата приказна.
Кога првпат застанав пред камерата, се чувствував многу природно, како цел живот да сум го работела тоа“, кажа вo една прилика напата позната манекенка и водителка Ведрана Ѓорѓевиќ.
Во тоа време Владо Младеновски беше дел од „Канал 5“ и нема да згрешам ако кажам дека тој беше човекот од кој добив најмногу совети и најголема поддршка.
„Канал 5“ е мојата матична телевизија, повеќе од 10 години работев во неа и по петгодишна пауза, сега сум повторно во најдобрата национална македонска телевизија“, рече Ведрана за Бети.мк додека ја водеше емисијата „Голден карпет„ со Миро Кацаров.
Ведрана Ѓорѓевиќ со манекенство почнала од 17 години на првата Модна недела која во тоа време се одвиваше на Скопски саем, но повеќе работела како модел и снимала реклами и каталози.
Вели, во секој случај е убаво искуство но не се живее во Македонија од манекенство. Се уште работи како модел и често пати се случува да снима реклами, а сега и е водителка на емисијата Голден Карпет која ја води заедно со Мирослав Кацаров.
Таа е позната по многуте тетоважи што ги има и раскажа за нив во една прилика во Женски магазин, всушност која порака се крие зад која тетоважа и како ги смилила токму нив.
-Првата тетоважа ми се букви ,,Independent“ или независна… Тоа не се промени до ден денес. Многу ми е важно да сум независна и слободна, сепак сум Риба а рибата е најсреќна само кога може слободно да плива.
Втората е „Be yourself“ со пердув која што на некој начин е продолжение на независна.
Што и да правиш во животот и за што и да се одлучиш да го живееш животот биди тоа што си, и немој да се изгубиш себеси во процесот на растење и живеење.
Третата ми е Карт ана -светот на стапалото, едноставно е…. Обожавам да патувам, со секое патување сум се побогата, а овие стапала ќе го прошетаат светот. Четвртата и последна за сега тетоважа, уште не сум ја промовирала.
Направив крила на долниот дел на грбот, веројатно како локација немаше никогаш да го изберам тоа место, меѓутоа покрај тоа што сакав да го разубавам телото со тетоважа, сакав да ги покријам и стриите“, изјавила Ведрана.
Планинарењето е моја огромна љубов. За здраво тело, но повеќе здрав дух, верувајте, планинарењето е вистинскиот избор.
Често може да ме видите на Водно и можам да кажам дека тоа е одлична физичка и ментална вежба, поврзувањето со природата е враќање кон себе и секогаш има бенефити.
Се качувам на планина и таму грижите веќе не постојат, само јас и планината. Како што веќе споменав, вежбам и планинарам, а иста така сакам и пливање.
Но, во здрав начин на живеење морам да ја споменам и јогата, која навистина помага и треба да биде дел од сечиј живот“, рекла Ведрана.
Потоа, здравиот начин на живеење не можам, а да не го поврзам и со книгата. Уживам во читање и мислам дека не постои поквалитетно поминато време од читање добра книга.
Исто така, храната и пиењето доволно течности секако се важен дел од нашето секојдневие. Ако не внесуваме храна што е погодна за нашето тело, тоа ни дава знаци веднаш и ќе немаме доволно енергија.
Балансот е за сѐ најважен во животот, но не секогаш се хранам здраво и не секогаш се однесувам по прописи, ако некој ден не ми е до вежбање или ми се јаде храна што не е на моето секојдневно мени, иако знам дека не е здрава, си го слушам своето тело“, додала таа.
Ведрана на Инста објави една слика каде што е таа во ептен природно издание, тоест на неа нема ни грам шминка, а на оваа објава таа рекламира кафе.
-Кој рече дека моето омилено кафе не може да биде и ,,coffee to go“, напишала Ведрана и споделила слики од неа како со кафето се движи низ градот, а за првпат ја гледаме во вакво, природно издание, и изгледа одлично.