Naslovna Zivot Посветена на искрена љубов- Оваа жена е најголемата обожавателка на Јордан Митев,...

Посветена на искрена љубов- Оваа жена е најголемата обожавателка на Јордан Митев, еве што не пропушта да му искоментира

Нашиот познат пејач Јордан Митев во едно негово интервју во Фокус, на прашањето како живее денес, откако ја доби битката за своето здравје, вели дека му се враќа енергијата и се радува што на публиката ќе може да и подари уште многу музика.

-Многу ни се зага дени социјалните мрежи, за жал, во поголем процент мислам дека доминира некоја негативна мисла.

Да бидам искрен веќе не знам за некои работи како да се однесувам, како да постапувам, дали да се пофалам, дали да не се пофалам, дали да кажам каде сум, дали да не кажам…

Бидејќи имам некое чувство како човек што и да каже ќе биде или негативно сфатен, или омаловажен и така натаму…

Сепак морам да ги разочарам моите хе јтери, и да кажам дека сум добар, фала му на Бога.

Полека ми се враќа таа една енергија која ја носам со себе, а истата повеќе од две години ми беше на некој начин ослабната, потисната поради мои лични проблеми.

Има моменти во животот кога умот ви вели треба да одиш напред, а телото и организамот ви вели не можам, изморен сум од се – вели Митев.

Нашиот познат и почитуван фолк пејач, во една прилика беше запрашан нешто на коешто му беше тешко да одгвори, како етаблиран пејач со многу хитови:

Која песна во изведба на Јордан Митев е најуспешната и зошто токму таа?

-Па имам неколку навистина успешни песни. Некои песни созреваат брзо и стануваат слушани во моментот на нивото издавање. На некои пак им треба време и прав момент.

Некогаш тој прав момент песната може го чека со години, како што е примерот со песната Ај што мерак имам бабо која е стара радовишка песна.

Оваа песна од секогаш се пеела во радовишкиот регион, но кога јас ја обработив песната доби друга диманзија.

Тоа не е пример само со таа песна, има многу песни што оживуваат дури по 10, 20, 30 па и повеќе години од нивното создавање. Зошто е тоа така, немам точен одговор.

Едноставно некогаш коцките се местат, а некогаш не, колку и да е песната добра. Нема дефиниција за хит. Понекогаш тоа е и среќа затоа што ете така треба да биде.

Како изведувач и комплетен автор, јас се потрудив и се трудам да направам квалитет, барем според моите критериуми за квалитет.

Што од тоа ќе се издвои и ќе стане песна за повеќе години и повеќе генерации ќе видиме, времето и публиката ќе покажат“, кажал Митев во интервју за www.muzichkiregistar.com

-Се трудам да бидам во тек со времето. Знаете, за да опстои еден професионалец, да биде успешен и да живее од својата професија, мора да постави одредени стандарди и правила на игра.

Вели и дека е задоволен од тоа како му поминала годината, на професионално поле, а пак приватно, вели дека иако засега нема принова во неговиот дом, како се надева на таква радост и во неговата куќа за скоро време, објави Фокус.

Јордан има една многу верна обожавателка, и таа никогаш не пропушта да искоментира на многу од неговите објави, тоест на секоја која Митев ќе ја постира.

-Па нека се пие денес е денот на виното но и на љубовта нека се пие и за љубов“, напишала обожавателката на објавата на која Јордан ја споделил песната „Дајте да се пие“, на Свети Трифун.

Потоа, Јордан на Фејсбук споделил микс од повеќе негови песни, а обожавателката му напишала: Сите се одлични и по текст, и со неговата изведба, нешто прекрасно од нашиот пејач.

Потоа, на песната- само тебе јас те сакам таа напишала: Тоа ветување живот значи за цел живот посветено на правата личност испеана со многу љубов посветена на искрена љубов“.

Станува збор за обожавателка на Јордан која се вика Благица и се гледа дека таа не му пропушта ниту еден пост и му ја следи целата работа и тоа доста будно.