Откако во 2021 година, Северина се појави на едно доделување на награди во Хрватска без Игор Којиќ, а после неколку часа на Инстаграм наместо Северина Којиќ беше само Северина, регионалните медиуми објавија дека нешто не е во ред со бракот на познатата пејачка.
Севе дојде сама да ја преземе наградата, што на сите им беше чудно со оглед на тоа дека Игор и таа се неразделни. Дека помеѓу нив не е се океј, беше јасно откако ја прашаа каде е Игор, а на што таа одговори:
Тој не дојде со мене, рече тогаш Северина. Таа не сакаше да одговара на прашања за нејзиниот сопруг, што ги изненади сите.
Таа уживаше во друштвото на децата кои беа со неа на сцената. Ако не излегуваа заедно понекогаш, ќе поминуваа време на телефон, што не беше случај сега“, велеше изворот кој се нашол на лице место.
„Северина сака развод, Игор не. Тој ѝ испрати пораки, дојде во Загреб да ја види, но наиде на затворена врата.
Таа верува дека нивната врска не може да се врати на стариот начин, па му оставила можност да ги потпише документите, а доколку тој не се согласи, ќе му испрати тужба за развод“, изјави извор близок до парот за локалните медиуми во тоа време, пред да се разведат.
„Тие немаа заеднички имот во бракот, немаат заеднички деца, така што, според нејзиното мислење, тоа треба да заврши многу брзо“, рече извор за Блиц, и беше во право.
Да успеаjа да имаат дете, можеби нивниот брак ќе преживееше, вака, проблемите само се натрупуваа, иако тој беше голема поддршка за време на судската постапка со нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ за старателството над нивниот син“, додаде изворот во 2021 година.
Сега, бракот на Севе и на Игор е одамна веќе историја. Таа изјави дека му е благодарна што бил со неа за време на борбата за старателството над синот.
Игор Којиќ и Северина Вучковиќ беа во брак од 2015 до 2021 година. Којиќ не зборуваше за медиумите за бракот со Северина и околностите на нивниот развод.
Северина Вучковиќ вчера заедно со синот Александар го прослави неговиот 11-ти роденден.
Пејачката на својот Инстаграм сподели емотивно видео со песната „Се што имам, тоа си ти“, во кое видно среќно се смешка во прегратките на синот Александар, со роденденски капи на главите.
„Среќен роденден на мојот ангел, мојата најголема љубов, мојот син! Се што имам си ти“, напиша Северина со емотивно видео кое предизвика многу симпатии кај нејзините следбеници.
Игор Којиќ, син на пејачот Драган Којиќ Кеба, по разводот со пејачката Северина, веќе неколку месеци е во емотивна врска со актерката Теодора Бјелица.
Досега не сакаа јавно да ја коментираат својата љубов, но актерката сега проговори за случувањата во енјзиниот емотивен живот.
За нивната средба се виновни заедничките пријатели, а искри летаа на прв поглед. Теодора и Игор заедно ја дочекаа Новата година, а потоа отпатуваа на Копаоник.
Теодора неодамна беше видена на еден настан во главниот град на Србија, а во таа прилика накратко ја прокоментира врската со Којиќ:
– Важно е човек да сака и да е заљубен – низ насмевка рече Теодора“ а објави Блиц.