Naslovna Zivot На одмор на моденско место, еве каде ужива Александра од „Канал 5“,...

На одмор на моденско место, еве каде ужива Александра од „Канал 5“, екс водителката на „Брза кујна“

Нашата позната водителка, Александар Пановска- Илиевска, во моментот кога се повлече од шоуто „Брза кујна“ кое го водеше неколку сезони по ред, таа ја објасни причината во интервју за Вистина.мк.

-Посакувам ова шоу да живее долги години бидејќи е извондреден проект на кој работи одличен тим, пред и зад камерите.

Јас сум дел од тимот, но во оваа сезона како гледач и најголем поддржувач бидејќи на пат е најубавото нешто што го посакуваме со сопругот, принова во семејството“, рече Александра тогаш.

– Паузата која секогаш ја имаме од сезона до сезона на „Брза Кујна“ ми е исполнета со работен ангажман“, реле таа и откри дека е ПР во едне салон за убавина.

Интересна нова област за работа во делот на убавина која ми донесе нови предизвици и работни обврски на кои во целост се имам посветено со цел да дадеме нов пристап и услуга која ја заслужува секој маж или жена, секој кој сака да одвои време за себе и да си даде нега за пристапна цена“, додаде таа.

Потоа, Алекандра стана дел од Утринската програма на Канал 5 Тв која успешно ја тера заедно со уште неколку нејзини колешки и еден колега.

Таа и нејзиниот сопруг Александар се сега родители на Сара и во една прилика, во интервју за Женски магазин, таа зборуваше за својата ќерка:

-Породувањето беше магично, огромна е мојата благодарност до д-р Горан Кочоски, од Универзитетската Клиника за гинеко логија и акушерство во Скопје кој ја следеше мојата бременост од самиот почеток.

Тој заедно со целиот стручен, професионален тим од ГАК беа дел од најважниот ден за мене и моето семејство и придонесоа да истиот е најубавото и позитивно искуство, крунисано со живо и здраво бебенце.

Насоките од медицинските сестри присутни на самиот чин, водењето од докторот низ целиот процес направи да се помине природно.

А нема да заборавам дека и од самиот настан пративме фотографија до Александар само десетина минути по породувањето за да го известиме дека сè е во ред и има нова улога, татко.

Сара е прекрасно дете и секој ден ни ги растопува срцата. Непроспиените ноќи и исцрпувачкото секојдневие веднаш ги забораваме откако ќе ни подари макар и мала насмевка“, рече Александра за ќеркичката која сега има 2 години.

Таа исто така зборуваше и за својот сопруг, Александар: „Со Александар се запознавме преку моја другарка од средно.

Живoтот не би можела да си го замислам како би ми се одвивал да не го запознаев бидејќи ми е најголемата поддршка во секој сегмент од животот.

За да ги опишам неговите најубави особини и најважни квалитети ќе ми требаат многу зборови.

Ова интервју ќе е најдолгото, па затоа ќе кажам наједноставно дека тој е сè она што јас посакував“, рече таа за сопругот.

Александра објави слики од својот имењак- сопругот Александар на местата каде што патувале заедно и на интересен начин му го честиташе роденденот. Време е да славиме и да патуваме“, напиша таа.

Александра сега ужива на скијање, тоест на зимовање на монденско место, во Австрија, во Филизмос ски ресорт“, од каде што објави слики и се хледа дека е многу среќна и ова место ѝ годи.