Нашиот познат пејач Ламбе Аалабаковски, пред неполни две години се врати во Македонија од Америка, каде што долги години живееше со своето семејство.
Ламбе се врати од Америка летото во 2021 година, а додека уште беше таму на крајот на 2020 година, даде интервју за Женски магазин и таму раскажа што мисли за Македонија, но откри и тајна за својата сопруга:
– Најпрвин би сакал да ја поздравам мојата публика, пријатели и сите останати!
Многумина ме прашуваат за музиката и мојата кариера, ќе кажам само дека сето тоа е ставено во мирување но не е сосема напуштено, ние сме фамилјарно и сега опкружени со песна!
Веќе петта година сме со мојата сопруга Магдалена во САД, тука живееме. Да поправам некои дезинформации дека не живееме во Флорида, ние сме во Детроит.
Мои добри пријатели живеат во Флорида па ние често сме таму како и на топлите краишта од овој континент.
Претпоставувам дека сте помислиле живееме таму по објавените фотографии“, кажа Ламбе тогаш.
-Работам како транспорт оператор со своја мала фирма, а сопругата е прво добра и грижлива мајка а во слободно време се занимава со нејзината професија како медицински кодер на софтвер.
Многу ми помогнаа нејзините на самиот почеток тука да се навикнам на промените. Можам слободно да кажам едно дека можеби сум овде физички присутен но срцето и душата ми се во Македонија!
Тука луѓето навистина немаат време и многу работат. Можеби сега со пандемијата повеќето работат од дома па фала му на Бога ете им можност да се со ближните почесто, инаку не е така!
Стекнав нови познанства и пријатели и многу научив од престојот тука. Во оваа земја живеат буквално луѓе од целиот свет па има што да се види и да се научи, различностите се ценат и се почитуваат.
Многу е поразлично од кај нас и од Балканот, но би сакал и така различно да остане бидејќи тоа е и убавината во различниот менталитет и во културите.
– Мојата сопруга ја сакам сè повеќе секој ден а верувам и таа мене. Бракот е нешто што се гради и се негува со многу трпение и љубов. Препреки секогаш има но треба да се поминат и да се надминат заедно.
Сега ние живееме суштински за нашите деца буквално, ретко излегуваме но сме исполнети со тоа што сме опкружени со нив и со некои пријатели а најчесто тоа се ручек или вечера во некој ресторан или домашна атмосфера, а годинава се почесто дома се случуваат такви средби.
Често знаеме да запееме и да засвириме исто така“, изјави Ламбе во 2020 година. Тој сега сними нови песни и редовно настапува и живее во Битола.
Ламбе инаку, како што е познато, потекнува од селото Љубојно кое се наоѓа во преспанскиот крај. Тој во интерву за Женски магазин го спомена својот крај и дека таму оди и сега откако се врати од Америка и живее во Битола.
-Татко ми кој веќе е пензионер живее таму и често со мојот постар брат и семејствата одиме да го посетиме, да сработиме нешто и дружиме на некој ден.,и често завршуваме со песна.
Во родниот крај чуството е секогаш силно и убаво ,имам среќа што Љубојно е опколено со преубава природа, планини реки езеро и тоа навистина одлично нè релаксира сите од градскиот метеж.
Ламбе на Фесјбук сподели еден спомен, тоест слика која ја посторал пред 10 години, во 2021 година. Поточно, сликата е од многу поодамна, а на неа Ламбе е 17 годишно момче.
Нашиот пејач кој сега има 35 години, како многу млад победи на едне музички натпревар, и од тофап стана познат на целата јавност. Ламбе за оваа слика раскажа приказна која гласи:
Една фотографија која многу од вас нема да остави рамнодушни. Првата победа на Ламбе на големиот M2 Play Проект во 2004 година“, напиша тој.