Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со нејзиниот колега Иван Јованов, на крајот од минатата година изјави дека изминатиов период поминала низ убави и лоши моменти, но сè уште искрено верува во љубовта.
За Женски магазин, Антониа раскажа за крајот на љубовта со Иван, но и за тоа што научила од него. Гиговска, која е еден од нашите најдобри женски вокали, вели дека со пејачот на „Либеро бенд“ е во одлични односи.
Иван е човек кој што ме научил на многу работи, човек кој што многу ми помогнал и човек со кој сум пораснала и сум научила да сакам.
Одлучивме да ставиме крај и не би сакала да зборувам повеќе за тоа затоа што не чувствувам потреба после сè и сешто што напишаа да зборувам јавно и да им овозможам насмевки на лицата.
Затоа што само јас и Иван сме во тоа, никој друг. Ние сме во најдобри односи и мислам дека тука треба да се стави крај на приказната, му посакувам сè најубаво во животот“, изјавила Антониа.
На 21 јануари оваа година, младата пејачка со своите фанови сподели две радосни вести во исто време.
Имено таа и нејзиниот избраник ќе станат родители, а токму на нејзиниот роденден тој ја побарал и нејзината рака на романтично патување на Копаоник – Србија.
Исто така сподели и фотографија од прстенот со кој избраникот ја побарал, како и фотографија од него иако не го означила на фотографијата.
Оние кои ја следат нејзината кариера веднаш препознааа дека тоа е човекот со псевдоним Џокер, кој е дел од нејзиниот бенд со кој настапува и за кого воедно се шпекулираше дека е во љубовна врска.
– Долго време молчевме, а сега дојде време да ја споделиме најголемата среќа со вас. Малечко мое. Од сега секој мој роденден ќе си го славиме заедно.
Нека ми е среќен роденденот и погодете кој ќе стане мајка. Прстенот го бирал САМ. Умирам од среќа… си славам роденден, бепче, прстен, се – напиша Антониа тогаш.
Пејачот Боби Спасенцовски, кој е иден свекор на Антониа Гиговска е многу среќен што ќе стане дедо, а неговата сопруга Весна, баба.
Спасенцовски изјавил дека бил многу изненаден кога неговиот син Роберт кој е исто така музичар и Антониа му ја соопштиле убавата вест.
– Кога ми ги соопштија убавите вести занемев од радост. Не знаев што да кажам на почеток, испушив една цигара, ми требаше време да ги средам емоциите.
Потоа ги гушнав, им честитав. Цел ден ни се јавуваат луѓе да ни честитаат, јас не знам што да кажам, збунети сме, и многу сме среќни.
И јас се оженив млад како и Роберт, на иста возраст, и мислам дека така и треба да биде, да оди по тој ред.
И многу е подобро кога младите се решаваат да станат родители на помлади години. Јас ќе бидам млад дедо, и како помлад ќе можам повеќе да го чувам внучето“, изјавил Спасенцовски во Женски магазин кој има 47 години.
Антониа, како и повеќето жени во бременоста, на својот Инста профил напиша дека има промнеливо расположение. „Мењам mood на пет минути“, напиша пејачкта.
Потоа, се пожали дека не може да спие и напиша: Не е време за спиење“, напиша Гиговсска на Инста и објави своја слика на која се гледа таа таа воопшто не добила во килограми.