За секој еден човек, една од најголемите радости е најчесто кога ќе стане родитител, но и кога подоцна ќе стане дедо или баба, тоест кога ќе добие внуче од своето дете.
Таков е случајот и со нашата позната пејачка Даниела Телемковска, која на почетокот од оваа година доби внука од својот син Даниел, кој е исто така пејач.
Даниела го ожени даниел во септември минатата година, и на таа свадба згодната свекрва семни две креации, а кога ја дои внуката, Даниела на Фејсбук напиша:
– Колку е убаво чувството кога прв пат стануваш баба, а тоа чувство не се опишува само се доживува, нека ми е жива,здрава и среќна внуката Јана.
А јас како баба секогаш ке ја милувам и посипувам со љубов од срце и од душа, а на моите деца им благодарам за најубавиот дар и Бог да ми ги чува!“, напиша на 4 јануари годинава Даниела.
Даниел и Даниела со здружени сили настапуваат речиси секој викенд. Малата Јана е уште многу малечка. Но, очекуваме наскоро среќната баба да се пофали со нејзина фотографија.
А нејзиниот син Даниелл, на Фејсбук се има пофалено со неговата згодна жена, а тоа е Ема со која има објавено заедничка фотографија неодамна.
Даниела Темелковска долго време е дел од народната музичка сцена. На фестивалот „Валандово“ ја видовме во дует со нејзиниот син.
Тој во една прилика изјави дека неговата мајка го воспитувала на современ начин и во современ дух и му било уживање да расте со таква мајка.
Во една прилика, Вечер објави дека Даниела својата форма ја одржува со тоа што вози точак, а таа со слики на велосипед се пофалила на социјалните мрежи поред своите пријатели и обожаватели.
-Не се жалам, само нестрпливо чекам да се вратат времињата кога бев многу активна на музичката сцена,
кога дома доаѓав само да распакувам и спакувам куфери за некои следни настапи и во Македонија и во странство.
Оваа подолга пауза мене добри ми дојде да се одморам, да уживам во природата и во возење точак кое за мене е покрај пливањето најздрава спортска дисциплина“, изјавила Даниела за Вечер за време на пандемијата.
Даниела е сега повторно активна и турбо настапува, а за сите настапи своите обожаватели ги известува на социјалните мрежи, за да можат да дојдат да ја гледаат и да уживаат во нејзиниот глас и стас.
Пејачката Ивана Серафимовска објави слики од Даниела Телемковска и напиша која причина ја имале за славење. Гушната со неа, ама и со нејзиниот син Даниел, Ивана на Фејсбук напишала:
– Недела, свиркица, да ви е жива и здрава Јана, вечно да и е името!“, стои во оваа објава каде што Ивана се сликана со згодната баба Даниела.