Нашата позната водителка Маја Поцевска во 2018 година си замина од ТВ Алфа и се вработи во Државната лотарија, и од тогаш поретко е во медиумите. Во една прилика, таа раскажа како и успева секогаш да изгледа толку добро.
– Линијата ја одржувам со редуцирана исхрана, долги пешачења во природа, претежно во планина и во „Фигурела“.
Години наназад секако од станување покрај личната хигиена што е неминовна основа, нанесувам дневна крема која треба да има и заштитен фактор.
Потоа, крема за околу очи и во последно време се покажа како добро- масажа со гумен масажер со ситни гумени влакненца и кружни движења, правам масажа и циркулација на лицето, а и подлабоко впивање на кремата.
Потоа следува нанесување на база пред пудра и дневна ненападна шминка. Секако во текот на денот во зависност од тоа дали ќе изглегувам некаде ја обновувам шминката.
А доколку дојдам дома веднаш ја отстранувам со масло за бришење шминка, потоа мицеларна вода, па тоник и повторно крема за лице.“, рече во Женски магазин Маја.
– Задоволство ми е што и моите фотографии се дел од галеријата и што имаат голем број лајкови и коментари па какви и да се.
Кога си јавна личност и кога постојано нешто се збори и коментира за тебе стануваш имун и не реагираш на коментарите“, рече Маја додека работеше на ТВ Алфа.
Таа сега се занимава со салонот за убавина на нејзината сестра, кој често го рекламира на својот Фејсбук профил, а работи во Држабвната лотарија.
За приватниот живот на Маја се знае дека е разведена и има ќерка.
Во една прилика медиумите пишуваат дека Ким Кардашиан и Маја Поцевска имаат ист фустан. Македонската водителка се пошегува на Фејбук и напиша: Оваа Ким ме копира!
Од блиските имам максимална подршка, ја разбираат тежината на мојата професија и тоа е тоа дека неможеш на сите им се допаднеш некои луге од разноразни причини имаат потреба да те коментираат дали позитивно или негативно иако воопшто не те познаваат.
На почетокот се прашував од каде поривот сега не се замарам ниту јас ниту моите блиски кои многу добро ме познаваат, изјави Маја за коментарите кои ги добива под фотографиите и општо за муабетите што се вртат околу неа.
Потоа ја прашаа кои се нејзините најголеми адути, а таа одговори:
„Што би ги коментирала очигледни се хахаха задоволна сум од себе имам адути во ракав ги вадам по потреба мислам на духовните вредности се разбира“, одговори Маја, но искоментира и за тоа како е да си мајка.
– Да си мајка е да си тука нема филозофија секоја мајка знае што значи тоа некого кого го сакаш буквално повеќе од себе треба да си нежна мајка полна со разбирање и секогаш на располагање кога е детето во прашање.
А успешна жена на деловен план тоа е веќе нешто друго да имаш јак желудник и ете тоа искрено него у културна варијанта, да не зг азиш никого а и да не дозволиш да те згазат а сепак да стигнеш до зацртаната цел“, рече Маја.
Убавата водителка која сега работи како ПР во Државната лотарија пред неполни пест месеци стана баба. Внуката Мина од ќерката Јана и зетот Стефан, сега е целиот нејзин свет.
Маја вели дека е традиција во нејзиното семејство жените млади да стануваат мајки.
„Мојата мајка мене ме родила на 18 години, јас ја родив Јана на 22, а Јана ја роди Мина исто така на 22“, кажала Поцевска во Женски магазин.
Имавме неодамна генерациска средба со пријателите од средно. Повеќето мои другарки имаат мали деца, но јас ете бев паметна и подранив.
Тоа дека имам внука, беше топ тема на оваа средба“, изјавила Маја. Таа со посебна топлина во гласот зборувала за малата Мина, нејзината внука.
Маја сега се појави на Инста на еден салон за убавина, рекламирајќи ја нивната шминка. Со деколтето кое го покажа, изгледа топ, како да е многу млада девојка, а не како има внука од ќерка ѝ.