Нашата македонска убавица, модел, мисица, фитнес тренер и пејачка, Кристина Димитриевска во една прилика откри важна семејна приказна.
Таа кажа дека пред 26 години нејзината мајка на својот роденден ја родила неа и го добила најубавиот подарок што може да го добие една жена.
Кога полнеше 24 години, Кристина на Инста објави слика со мајка си и напиша: Сега на ист датум мајката и ќерката слават роденден, а како што вели Кристина тие си се подарок една на друга:
-Јас и ти сме најубавиот поклон една на друга…Фала што ме роди на твојот роденден…Овој ден е посебен – напиша Кристина во описот на фотографијата каде е гушната со мама“, објави Вистина.мк
Кристина станува се поатрактивна не само физички, туку и за јавноста и медиумите…
По разводот со Даниел Кајмакоски, таа со особено внимение им се посвети на сопственот живот и кариера, пробивајќи се на голема врата меѓу познатите и популарни личности.
Од песна до „cat walk“ на модната писта и позирање пред фотообјективот, Кристина и приватно и професионално, најдоброто од себе реши да го сподели јавно.
Така, јавноста дозна многу нови работи за неа, од титулите за мис до „преку ноќ“ новосклопените пријателства со регионалните ријалити и музички ѕвезди како Гастоз или Саша Ковачевиќ, на пример.
Сепак Убавицата својот љубовен живот се трудеше да го држи понастрана, вешто криејќи го. Деталите од нејзината љубов, тешко излегуваат јавно на површина.
Но, острото око и интуитивното чувство на добрите познавачи на естрадните прилики знаат дека и најмалиот детал е „знак“ кој ја претскажува приказната…
Особено ако е љубовна, па таа љубов била само пријателска, привремена, повремена или… постојана!“, обајви Курир во една прилика за Кристина.
На 21 и 22 октомври се одржа фестивалот Макфест кој минатата година беше малку поразличен од претходните негови изданија.
За разлика од претходните години, на 37-мото издание на фестивалот немаше награди, а на сцената се појавија и нови музички имиња, и некои од најголемите македонски музички ѕвезди.
Како водители и презентери се појавија Лила Филиповска, Јана Бурческа, Марјана Станојковска, Димитар Атанасовски и Миланка Рашиќ.
Она што најмногу им остави впечаток на сите беа дефинитивно комбинациите на водителката Лила Филиповска која се појави со шлиц до колковите, како и поранешната на Даниел Кајмакоски која му роди и син која носеше доста провокативно модно парче.
Она што е вистински хит во изминативе две години, а што практикуваат многу познати личности, е позирање разголен на снег на некој скијачките центар.
Тоа го направи и манекенката Кристина Димитриевска. Таа позираше во бела та- нга на снегот на Попова Шапка. Изгледа дека на убавата тетовачнка, која на Шапка е на свој терен не ѝ студеше.
Кристина Димитриевска сега смени професија, таа освен што беше манекенка, па пејачка, инфуенсерка, стана и водителка. Беше водителка на емисијата „Голден карпет“, која ја води Миро Кацаров, а се емитува на Канал 5 телевизија.
Беше облечена во чипкасти целосни пантолони и разговараше со гостите, а во еден момент се отвори и за себе и рече дека за се ја бива.
-Мене за се ме бива, можам да бидам и водителка, и пејачка, и мајка. Само што дома ме критикуваат“, кажа Кристина во Голден карпет, во улога на водителка.