Naslovna Zivot Како во холивудски филм- Елена од „Живот со стил“ прослава роденден со...

Како во холивудски филм- Елена од „Живот со стил“ прослава роденден со гала журка

Позната е како Елена – живот со стил, поради емисијата која стана нејзин заштитен знак. Станува збор за атрактивната водителка Елена Стефановска.

Елена е една од оние наши јавни личности кои секогаш предизвикува внимание на социјалните мрежи со провокативни фотографии.

Една од нив е една слика која беше објавена пред неколку години, на плажа во Малибу, во црвен костум за капење ала Памела Андерсон во серијата „Чуварите на плажата“.

Во едно интервју за „Женски магазин“, Елена зборувала за работата, љубовта, женската убавина и за тоа каков маж може да и го освои срцето.

– Жените се разликуваат најмногу од мажите според начинот на размислување. Битно е да изгледаат уредно, визуелниот изглед помага, но магијата е во главата на жената.

Отсекогаш сум била креативен тип на човек. Мојата кариера постојано е поврзана со радио, ТВ емисии, мода, стил, па никогаш не сум размислувала да ја променам професијата.

Меѓутоа, ако не би ме гледале во улога на автор и водител, дефинитивно би била во уредувачка политика на некој медиум каде би го пренесувала своето знаење и би создавала одлични проекти“, изјавила Елена.

– Ја сакам модата од малечка, ги следев сите трендови на ТВ и во магазините, наши и странски. Ја истражував таа модна сцена, ме пленеа убавите стилови од парчето облека, накит, до уредените домови.

Па, постојано си велев, аха, сигурна сум дека еден ден ќе успеам да создадам ТВ магазин со што ќе им го пласирам на гледачите мојот свет на убавина и стил и начин на живот.

Сакав сите да ја видат убавината и во содржината и во формата што ја носат познатите ѕвезди, јавни личности и обични луѓе, како на нашата, така и на странската сцена“ рекла Елена за Хибрид.мк и додала:

Се гордеам што толку време успевам да ја одржам емисијата, да опстојува во етерот, да биде атрактивна и со гости и со содржини. И се трудам секогаш да биде нова, примамлива, интересна и различна.

Тешко беше и на почетокот, но и сега е исто, секогаш треба да најдеш интересен сегмент и да ги убедиш потенцијалните спонзори за да го најдат својот бенефит за својот производ во мојата приказна наречена „Живот со стил“.

Но, најважно е да се работи работата што ја сакаш. И да ја работиш со професионален тим во продукцискиот дел. А кога твориме со љубов, резултатите се неминовни..

.. А инспирација и љубов за оваа работа имам постојано….

Гледам низ розови очила, хахаха…всушност, се што го гледам околу себе, се што ме опкружува, ме инспирира и ме полни со љубов, а задоволните гледачи ме охрабруваат да продолжам и понатаму“.

Елена прославила роденден, и било ептен со стил, со интересен стајлинг како во постарите времиња биле облечени сите гости на оваа прослава.

На доста сториња се објавени детали од оваа забава, а Елена на една од сликите се бакнува си својот сопруг, па тоа заедно со него ги дувнала роденденските свеќички.