Naslovna Zivot Јелена Спенџарска одговори дали нејзините деца ќе бидат солунчиња или беровчанчиња

Јелена Спенџарска одговори дали нејзините деца ќе бидат солунчиња или беровчанчиња

Нашата позната водителка и инфлуенсерка Јелена Спенџарска во една прилика даде интервју за Центарот за убавина „Ева“ и таму зборуваше многу искрено, како никогаш претходно.

Во ова интервју, Јелена откри приказна за своето минато, како порано се барала себеси, не верувала во себе, и како конечно го нашла тоа што го барала.

-Сериозно, мене ми требаа години и години работа на себе за да откријам не само која сум туку и што точно сакам од овој живот.

И таа потрага не престанува. Денеска, за себе можам да кажам дека сум една многу среќна и амбициозна жена.

Не верувам толку многу во напорна работа и труд колку што верувам во убава, здрава мисла која може да те однесе каде што ќе посакаш само ако знаеш како да ја одржиш ‘во живот’.

Успеав да допрам до својата внатрешна моќ и сфатив колку сум се потценувала во минатото мислејќи дека нешто не можам, за нешто не ме бива, сум барала погрешни работи на погрешни места, а се’ веќе сум имала и се’ било во мене.

И кога ќе го откриш тоа за себе, бум, се менуваат сите правила на играта.

Имам толку многу планови за себе, толку многу авантури ме чекаат што конечно можам да кажам дека му се радувам на секој ден се повеќе и повеќе! Онака најискрено!“, изјави водителката.

Инаку, Спенџарска пред некое време објави пост каде раскажа една случка кога беше на островот Сејшели на кој многу се здружи со познатата инфлуенсерка Марис Џолин.

Во постот кој го напиша се рас п-л акала и напиша: За ова зборев. Кога ви зборев пред да дојдам дека има шанси да се рас-плачам од убавини, тоа е тој момент!

Овде се враќавме назад на пристаниште, пиевме феноменално вино, слушавме музика и само се препушташ на моментот“, раскажа водителката за овој емотивен момент за неа.

Но, на Сејшели ги исп -лашил и дождот за кој таа вели дека за среќа кратко траел.

Имаше големи бранови, моравме да треcеме зелени и да се смееме. А на никој нe му беше до смешки“, порача водителката и рече дека за крај, во авион им организирале посебен третман, за да уживаат со стил.

На ова патување, таа рече дека се наполнила со позитивна енергија.

„Јадевме пиевме, се смеевме, теравме муабети за животот, уживавме во секоја секунда, немам зборови за овој ден, газев по облаци искрено“, порача Јелена.

– Ако ме прашувате мене, ова место ми го зема срцето. Приватна вила во која поминавме три дена.

Тука си ја остварив желбата за ноќно капење во океанот, тука едноствено го видов розевото небо во 5 часот наутро, ја јадев највкусната храна…

Пиев шампањ на полна месечина. Некои денови во животот се тотално поразлични од сите останати.

Моите беа токму тука“, порача Јелена на стори на Инста до една слика каде што е сликан базенот од приватната вила каде што уживала и ја доживеала оваа романтика.

Јелена беше гостинка во емисијата „Нешто конкретно“ која ја води Снеже Велков и таму зборуваше на интересни теми. Јелена зборуваше во однос на воспитувањето на ќерките порано и сега.

Рече дека таа ја гелдала нејзината мајка, и уште од мала решила дека не сака да биде класична домаќинка. „Не знам да готвам традиционални јадења.

Повеќе знам некои модерно, брзи. Сега кога бев во Грција научив да правам еден брз рецепт, ќе ти го направам“; рече Јелена, а потоа додаде: Не сакам да му роб-увам на мажот“.

Снеже Велков постојано ја потпрашуваше за нејзината врска со дечкото од Грција, а еднаш на шега ѝ рече: Децата што ќе бидат солунчиња или беровчанчиња?

На ова, Јелена која е инаку по потекло од Берово одговори: Не сум размислувала на таа тема, ама ќе најдеме некоја средина“.