Во една прилика, беше објавена љубовната приказна на Андреј Жерновски со неговата сопруга Олгица, со која сега има две деца.
Сопругата на поранешниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, по професија е дипломиран електроинженер. Се запознале во партијата, во 1993 година, кога и Олгица била член на подмладокот на тогашната Демократска партија.
Таму што заедно работеле речиси десет години. Иако во политиката поминале повеќе години, сепак не биле во врска.
Тоа бил период во кој потајно се запознавале. Подоцна, сосема спонтано станале двојка, а љубовта ја официјализирале со брак во 2001 година“, објави Женски магазин во една прилика.
Додека беше градоначалник на општина Центар, во едноп постаро интервју, Жерновски има изјавено:
– Предизвикот да се води на Центар е голем, но исто така е голема и привилегијата, особено ако се има во предвид колку тешко победивме.
Одговорноста е многу голема и јас од самиот почеток максимално се трудам да не ги разочарам граѓаните кои три круга гласаа за нас.
Работењето не е лесно, има секојдневни опструкции, но јас не сакам да се жалам.
Докажавме дека и во такви услови ние оставруваме многу повеќе од сите претходни раководства на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно набројав дел од нашите успеси, но тоа не е се.
Започнуваме наскоро и со нов капитален проект, основното училиште во Капиштец.
Ќе се реконстриура целосното осветлување на територијата на Центар од септември, а деновиве започнуваме и со стражарски служби во Градски ѕид.
Јас и мојот тим сме многу мотивирани заради тоа што граѓаните го препознаваат мојот труд и ни даваат поддршка. Ме радува кога ќе видам дека решаваме проблеми, дека помагаме.
Но, најмногу од се’ ме радува соработката која ја имаме со граѓаните. Затоа и целосно сме посветени на редовна комуникација со нив.
Јас и мојот тим постојано сме достапни и во општината, но и на социјалните мрежи каде редовно одговараме на нивните прашања.
Мојата цел е да изградиме општина која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Општина со која тие ќе може да комуницираат во секое време по сите канали.
Не сме далеку од реализација на оваа цел. Општина со која тие ќе може да комуницираат во секое време по сите канали. Не сме далеку од реализација на оваа цел“, изјавил во 2016 година Жерновски за Денешен.мк
Тој е голем љубител на животните и на својот Фејсбук профил знае да објави апел за помош, но е и голем љубител на фудбалот.
Жерновски беше гостин во емисијата „Нешто конкретно“ со Снеже Велков, и Снеже им даде интересна задача на своите гости.
Им рече: Јави се на твојата најблиска личност и кажи ѝ ако може итно да дојде во хотел Лимак, а меѓу гостите беше и Ана Стојановска која е наша позната актерка.
Ана не доби одговор од бројот што го побара, а потоа, Жерновски го уклучи звучникот и сите да слушаат, ја побара својата сопруга и ѝ рече:
-Оле, можеш да дојдеш нешто итно во хотел „Лимак“. Значи, не е ништо се е ок, децата не се, ни Дарко ни Никола, туку можеш да дојдеш одма? на ова сопругата му одговори: Не можам!
А Жерновски кажа: Леле, ни за саат време не можеш? „Не, не можам. Зошто, ама за што“, го праша сопругата, а Жерновски одгвоори: „Ќе ти одговорам после“.
Ова видео е објавено на Јутјуб и во неговиот опис е напишано: „Вакво откачување на политичар во емисија не сте виделе! Андеј Жерновски и се јави на сопругата за помош и таа го откачи“. Видеото можете да го видите ТУКА.