Naslovna Zivot Емил Угриновски: Кај мене поминале сите ѕвезди, а потоа станале ѕвезди

Емил Угриновски: Кај мене поминале сите ѕвезди, а потоа станале ѕвезди

Познато е дека Саша Матиќ е пејач за секој тип на концерт и веселба. Иако цената обично се корегира, тој зема 10.000 евра по настап, иако од друга страна се зависи од тоа во кој град пее, дали е клуб или прослава, работен ден или викенд.

Токму Саша Матиќ бил во Скопје минатото лето, и пеел на забава на приватната болница Неуромедика која славела 30 години постоење. „Неуромедика“ го прослави јубилејот 30 години постоење со голем гламурозен настан на кој имаше повеќе од 2000 гости.

Настанот доби посебен шарм со македонскиот актер и водител Сашко Коцев, а за забавата и супер расположението на присутните гости се погрижија балканската ѕвезда Саша Матиќ и бендот Тринити Стрингс од Скопје.

Свое обраќање имаше и сопственикот и Генерален менаџер на Неуромедика, Д-р Емил Угриновски.

На свечениот настан награда за животно дело му била доделена на најпознат неврохирург Проф. Д-р Јовица Угриновски, за неговата идеја, реализација и посветеност кон развојот на Неуромедика“, напишаа повеќе медиуми минатата година.

За жал, позантиот доктор Јовица Угриновски се упкои на крајот од ноември минатата година, на 77 годишна возраст.

Овој јубилеј се прослаави на 8 јуни минатата година- 30 години постоење на болницата.

“Особено сум горд и среќен на јубилејот 30 години Неуромедика. Да се основа и да се развива прв приватен здравствен бренд во Р. Македонија не беше лесно.

Да се опстои 30 години на врвот во македонското и регионалното здравство е резултат само на напорна работа, посветеност, континуирано инвестирање во нашите капацитети и во напредна медицинска апаратура и секако, можеби и најважно, ангажирање на најдобрите доктори и медицински кадар.

Неизмерно сум благодарен на нашите вработени, бидејќи заедно секојдневно им помагаме на илјадници пациенти и заедно сме го изградиле брендот Неуромедика да бидеона што е денес.” – истакна Д-р Емил Угриновски.

Дамнешната 1992 година кога е формирана Неуромедика имаше премин од еден стар систем на управување со нашето здравство и требаше да се помине кон нешто ново за овие простори непознато па затоа почетоците беа многу скромни.

Почетокот на Неуромедика е во еден двособен стан од шеесетина квадрати во центарот на Скопје.

Јас секогаш кажувам дека почнавме со една многу скромна опрема од бугарско производство, почнавме со ЕКГ и спирометри па од денешен агол тоа ми изгледа многу смешно.

Но кај нас постоеше голема желба и имаше многу ентузијазам да се успее и да се смени принципот на размислување кај луѓето.

Нема да заборавам кога секој пациент мораше да плати партиципација од една германска марка, само триесетина денари што од денешен аспект е симболично.

Тоа беше потребно да се објасни на здравствениот систем дека приватното здравство чини бидејќи за да се добие квалитетна услуга нешто треба и да чини.

Влеговме со многу ентузијазам со многу желба и се боревме за секој пациент бидејќи како што се покажува во стварноста правилото е на секој еден задоволен пациент добивате десет нови а само еден незадоволен одвраќа сто.

Неуромедика опстои како прва приватна здарвствена институција во Македонија изоди трнл ив пат и со сите потешкотии и препреки на системот се трансформираше во Болница Неуромедика која е наша гордост“,

кажа во интервју за сајтот на болницата Угриновски.

Екипата на емисијата Голден карпет беше на роденденот на д-р Емил Угриновски кој се одржал во еден познат скопски локал, и таму направиле прилог за овој настан.

-Јас 19-20 години правам вакви родендени, тоа ми е традиција, да бидат спектакуларни. Канам мои пријатели еснаф луѓе од многу професии, блиски пријатели“, раскажа Угриновски во оваа емисија.

Потоа кажа дека него оваа забава го „држи“ цела година, тоест расположеноето од забавата, а исто така, би бил среќен ако гостите забавата по забавата се расположени упте 10-15 дена.

-Кај мене поминале сите ѕвезди: Џенан Лончаревиќ, Саша Матиќ, Сале Тропико уште пред да станат ѕвезди, а потоа станале ѕвезди“, рече Угриновски во овој прилог на емисијата на Канал 5.

А во прилогот за забавата можеше да се види дека има познати манекенки, пејачи, бизнисмени на роденденот на Угриновски.