Naslovna Zivot Дарио раскажа како и зошто ослабел 4 килограми за само два дена

Дарио раскажа како и зошто ослабел 4 килограми за само два дена

Дарио Панковски, нашиот познат пејач измминатиов викенд одржа два концерти во Скопје, од кои имаше доста сториња и видеа на социјалните мрежи.

По 40 години кариера, македонскиот кантавтор вели дека е „стара школа“.

Ги сака истите нешта, време за себеси и за најблиските, а за социјалните мрежи и отровните зборови што ги среќава, вели дека за него тоа не е нормално, и ги опишал во една негова претходна песна.

Дарио со љубов зборува и за својата сопруга Бојана, која му го сменила начинот на живот, а најголемо богатство им се синот Бруно и ќерката Андреа, која се омажи минатото лето, а објави Слободен печат неодамна.

-Луѓето се желни за МУЗИКА, вистинска музика во која има текст, порака, емоција, естетика и рефрени за масовно пеење кои остануваат да живеат со децении.

Таква музика во земјава се правеше интензивно пред две-три децении, кога речиси секоја недела се промовираше по еден вистински мегахит.

Јас ја имав таа среќа да бидам еден дел од тој полетен музички период полн со ентузијазам, неповторлива креативност и зачудувачка инспирација на авторите, така што, да…

би рекол дека има и од двете и јас најискрено ѝ се заблагодарувам на мојата публика.

Секоја од моите песни ме поврзува со одредени емоции што сум ги чувствувал во моментот на нивното создавање, но мојата лична приказна е сместена во „Човек без спомени“ и делумно во „Зајди јасно сонце“.

– Да се надеваме дека е така и дека тоа ќе продолжи по нагорна линија, а мене ми е драго ако и моите концерти бидат дел од таа иницијална каписла.

Но тука секако огромна и главна улога игра македонската публика и македонската јавност со своето освестување за поддршка на своето, домашното, националното… колку поголема поддршка од публиката, толку поголем квалитет на песни, концерти, спотови, имиџ итн“, кажал Дарио.

Добрите девојки, Таа Мала Маја и Старо Купувам. Ова се едни од најпознатите песни, на нашиот можеби најпознат поп пејач на сите времиња, вечниот младич од Карпош 3, Дарио Панковски.

Со Бон-Тон, Дарио учествувал на неколку фестивали од кој најзначаен е Макфест. Во 1992 година била формирена групата Дарио и Миг-21. Истата година бил издаден нивниот прв албум насловен како „Бакт ерија“.

Од овој албум најголеми хитови станале песните: „Ладна како камен“, „Косоока“ и „Викни ме на чај“.

Дарио во 2018 и во 2019 година, постигна голем успех на Хрватскиот пазар, со хрватската верзија на песната “Што е мое ќе си дојде”, која произлезе како резултат од успешната соработка со една од најпознатите мотивациски говорници на Балканот, Ана Бучевиќ.

Дарио сними уште една своја македонска песна на хрватскi јазик. Станува збор за песната “Жена за милијун година”.

Пејачот кој ги испеа „Дупла водка“, „Косоока“ и мнигу други е долги години успешен на музичката сцена, а успешен е и како сопруг на Бојана и татко на две деца кои се веќе возрасни.

– Откако се ослободив од угостителскиот „бизнис“ и сфатив дека дефинитивно не сум создаден за тоа, комплетно сум посветен и го работам она што најмногу го сакам, музиката“, изјавил Дарио Панковски во една прилика.

Тој, по успешните концерти кои ги имал во Скопје, на Инстаграм раскажал една доста лична приказна за него и меѓудругото напишал:

Ваква совршено интонативна акапела изведба може да има само пеач со маестрална, културна и урбана публика!

И покрај сите напишани текстови, јас останувам без зборови како да ВИ се заблагодарам за целата огромна повратна енергија, љубовта и честа со која ме удостоивте и која никогаш не се заборава!

Е па…ВРЕДЕШЕ!! Вредеа сите воспалени мускули, сите четири загубени килограми за двата концерти, сите плускавци на нозете, сите препотени сакоа, сите кошули буквално цедени од пот и сите бескрајни проби со мојот драг бенд…“, стои во дел од оваа објава на Дарио.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DARIO (@dariopankovski)