Naslovna Zivot Дај боже да се појави и трет маж за мене- Вики Среброва...

Дај боже да се појави и трет маж за мене- Вики Среброва си ја отвори душата за животот и ја кажа вистината за неа

Нашата позната пејачка Вики Среброва во 1972 година ја стекна титулата „Најубава насмевка на Југославија“ која и ја додели весникот „Вечерње новости“.

Во 1973 стана прва придружничка на Мис на Македонија, а потоа беше и меѓу шестте најубави девојки на изборот на ниво на Југославија.

Во 1974 стана „Мавровска убавица“. Паралелно беже анагжирана и како манекенка. ВЕЧЕР воо една прилика направи интервју со пејачката Вики Среброва, од другата страна на популарноста…..

-Мојата насмевка ја наследи мојата ќерка Ели што е и природно. Штета само што сега нема пак некој таков избор, бидејќи тврдам дека Ели би можела да се натпреварува и да ја повтори оваа убава семејна традиција…..

-Луѓето велат, дека само мојата насмевка е безвременска, дека на моето лице ќе опстојува сè додека сум жива.

Тоа го велат другите, не велам јас, самата не сум свесна за тоа, а тие другите моите пријатели, колеги, моите деца, моите внуци, тие веројатно најдобро ми ја забележуваат насмевката.

Затоа со право сум ја понела таа уникатната титула, која ете, фала му на Бога сè уште ме следи секој нов ден.

Уште поинтересно е тоа дека мојата насмевка ја има наследено мојата ќерка Ели што е и природно“, рекла Вики.

Вики сега има 67 години и одлично ги носи своите години испишани на лицето.

Единствена кор екција која ја напралила е липо сукција на подбрадок пред 11 години, кога беше водителка на своето ток шоу „Викивизија“.

-Стареам достоинствено, без ботокс и филери. Дури не употребувам козметика за лице, ниту пак одам на козметичар. Колку и да ви звучи чудно, но најдобро средство за нега на лицето е водата.

Кога одам на настан или излегувам со пријателките ставам само пудра,кармин и римел. Тоа е доволно да ми се покријат старечките брчки, а да ми се истакнат устата и очите – откри таа во Женски магазин.

-Штета само што сега нема пак некој таков Избор за убава насмевка, бидејќи тврдам дека Ели би можела да се натпреварува, да ја повтори оваа убава семејна традиција“, кажала вики.

На прашањето на Вечер, дали токму поради Најубавата насмевка, таа толку често се смее, објаснува дека е личност која е постојано со позитивни мисли и ако во животот не и било ни најмалку лесно.

-Голема радост во мојот сегашен живот се и моите внуци, секако покрај моите три анѓели, моите деца, синовите Бато и Нико и ќерката Ели, се разбира со снаите и зетот. Со сите нив ја наоѓам смислата на животот, раскажува Вики Среброва за ВЕЧЕР.

Во едно интервју за Фоксу, таа си го отвори срцето и раскажа дека воопшто не ѝ е лесно во животот, и дека била во тешка финнансиска состојба.

Го поминав животот на македонската музичка сцена, оставив во нашите ризници над 80 авторски песни.

Сега, на мои години, дочекав да живеам со социјална пензија од 6.000 денари. Се живее ли достоинствено со 6.000 денари, и дали јас ова го заслужив? – прашува фолк пејачката Вики Среброва..

Ова е жената која повеќе од три децении е присутна на сцената и која во минатото беше една од најангажираните кај нас.

За ,,Фокус” таа вели дека веќе не е на возраст кога може да има редовни настапи во локали, бидејќи времето си го направило своето.

Од државата немам никаква помош. Се срамам да кажам, но тоа е вистината, не би можела да преживеам без финансиската помош од моите деца. Јас сум мајка на три деца, баба на пет внучиња, зарем тие треба за мене да се грижат?“, рекла Вики.

Таа беше гостинка во емисијата „Нешто конретно“ со Снеже Велков, и таму раскажуваше дека е горда баба и дека е супер домаќинка.

Исто така кажа дека станала крталица уште кога се омажила и кога родила деца. „Јас за се во кујната сум мајстор“, ова нека го потврдат моите најблиски- раскажа Вики.

Потоа, со Снеже Велков се начна темата дека таа два пати останала без своите сопрузи, и Вики на оваа тема одговори:

-Јас го изгубив таткото на моите деца, јас го изгубив и вториот партнер, но тоа се случуваше за жал после разводите. А не, како што пишуваат таблоидите- јас ги у-мрев.

Па, знаете кој проблем го имам. Затоа сум повлечена, и имам поддршка од моите деца. „Ај, двајца ги ум-рела, сега и третиот.

Па дај Боже да се појави третиот, па може ќе има среќа, нема да ум-ре“, изјавила Вики во оваа емисија.