Naslovna Zivot Александар: 5.000 евра месечно за јутјубер, а артист што за цела кариера...

Александар: 5.000 евра месечно за јутјубер, а артист што за цела кариера не може ни 500 евра да најде и ко на куче ќе му ги фрлат

Компанијата Кожувчанка, кој производ е и популарниот Синалко, а чие лого е истакнато кај јутјуберот Стефан Лазаров, бара тој да го тргне истото.

Информира дека не поддржува емисии во кои се промовира таков говор, каков што беше случајот со емисијата во која гостуваше новинарот Драган Павловиќ – Латас.

Првиот човек на Кожувчанка, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев за ,,Фокус” вели дека не е помеѓу спонзорите на јутјуберот, а логото со Синалко најверојатно стои помеѓу спонзорите, бидејќи во минатото имале соработка со него на проект, кој траел околу 15 дена.

Овие денови, интервјуто на Латас со јутуберот Лазаров е под будното око на јавноста и мнигу личности на сопцијалните мрежи ја коментираат неговата содржина.

Анита Лазарова, мајката на јутјуберот Стефан Лазаров кој деновиве е во епицентарот на јавниот интерес заради ова интервју со Драган Павловиќ-Латас ја уни-шти својата членска книшка од СДСМ.

„Долго време размислувам да го направам ова, но вечерва навистина ја претеравте само заради тоа што сметате дека од позиција на моќ можете се!

За да објавиш вакво нешто само и само заради тоа што не ви се допаѓа гостинот, а притоа да етикетираш млад човек е многу ама многу прим итивно.

Жалам за своите сопартијци со кои долго време зборуваме дека не си ја препознаваме партијата на која и веруваме повеќе од 20 години. Од мене и од многу како мене збогум. Јас сепак сакам демократија“, објави Анита Лазарова.

Претходно Стефан Лазаров се огласи со реакција во која истакна дека не гледал ништо спорно во интервјуто со Латас, а објави таратур.мк

Многумина на социјалните мрежи реагираа дека сите фирми кои му се спонзори на Лазаров треба да се повлечат од овој проект и да не го финансираат повеќе.

Се објавуваа логоа од сите фирми кои му се спонзори ја познатиот јутјубер, а тоа се познати компании до разни области кои се занимаваат со разни дејоности.

Деновиве исто така беа актуелна побјавената поддршка од Министерството за култура за одредени проекти и артисти, и доста се коментираше за оние кои се одбиени.

На ова искоментира и нашиот познат музичар Александар Ристовски- Принц, кој е исто така и режисер на музички спотови и даде своја споредба на нештата:

– Од спонзори по 5000 евра месечно за јутубер. Не е тоа спорно, секој со својот к’смет.

Туку артист што за цела кариера не може ни 500 евра да најде за да покрие дел за издавање албум, а и тие низ нос ќе му ги извадат и ко на куче ќе му ги фрлат…МК“, напиша Ристовски на Фејсбук.