Naslovna Zivot Се огласи Латас, после сите негативни коментари кои ги доби денеc

Се огласи Латас, после сите негативни коментари кои ги доби денеc

Навидум вообичаеното интервју на познатиот новинар Драган Павловиќ Латас, кое деновиве го даде за каналот на јутуберот Стефан Лазаров, денес предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи, бидејќи многумина протолкуваа дека Латас во младоста, бил дел од зл оставување девојка.

Меѓу оние кои излегоа со реакција, беше и Хелсиншкиот комитет, на својата страна на социјалните мрежи:

„Неодамна објавеното интервју од јутјуберот Стефан Лазаров каде неговиот гостин Латас споделува дека тој и неколку другари на 15 годишна возраст зл оставувале и си -лувале девојка е колективен, општествен пораз и реален приказ за тоа како ги третираме жените жр тви на нас илство.

Во видеото, кое веќе има над 50 илјади прегледи, за двајцата соговорници с илува -њето е извор на забава и смеа, со што тие директно праќаат порака кон огромната публика не само дека тоа е нешто нормално, туку и смешно.

Ова интервју е само еден јавен и болен показател за тоа како во пракса излгеда нормализирање на културата на насилство и до каде може може да доведе непостапувањето на институциите и немањето јасни ставови и политики кои ги заштитуваат жртвите, наместо на силни ците.

Таа култура, им дава ветер во грб на на силни ците, кои не само што продолжуваат да живеат нормално, туку и да бидат славени како „вистински мажи” и победници.

Истата таа култура ги осудува жртвите, праќајќи им јасна порака дека системите на поддршка се речиси непостоечки.

На оваа култура мора да и се стави крај, јасно и гласно, ако јавната осуда е единствено оружје кое го имаме на располагање, соочени со систем кој очигледно не знае и не сака да се справи со родово базираното нас ил -ство.“

На страната на Хелсиншки комитет на Фејсбук, свој коментар остави новинарот Драган Павловиќ Латас:

„Поштовани соросоиди што лажно се претставувате под фирма на славниот Хелсиншки комитет кој одамна не постои.

Согласно своите стандарди и вредности за лажно претставување на работите и стигматизација на ваши неистомисленици, видено стотици пати досега, и сегасте во истиот фазон.

Не постои моја изјава, никаде и никогаш, за си лување особено не на кое јас сум присуствувал. Значи, нема ни во посочената емисија, подкаст, кој е најпопуларен во државава а замисли се уште не е под ваша контрола.

Кој сака тоа може да го види на самото видео.

Кој не сака, а бланко верува на овој самонаречен Хрлсиншкикомотет земал доброволно ризик да заврши со испран мозок, како со нивната шарена револуција која ја предводеа.

Да ве потсетам, ова се тие кои поттикнуваат промена на пол, откажување од личен и национален идентитет, бришење на татко и мајка со именување родител еден и два…

Ако некој солува во Македонија тоа се ваквите комитети, нашмркани притоа или мамурни, не ги оправдува.“